logo

# Критика

Кооперацијата е мртва, да живее кооперација(мк)

насловна слика

Кооперација (или во селата позната и како Задруга) според дефиниција земјоделска работна организација, шо ако земеме дека интернетот е глобално село, а ние глобални селани и кооперација.мк не би требало да е далеку.

Иако во теорија е работна земјоделска организација, кооперацијата е сѐ само работа не. Место за социјална интеракција и размена на идеи (воглавно лоши), место каде шо има пиво, месен нарезак и рефус вегета во вчерашен весник, место каде шо на полиците има само наполитанки со вкус на лимон и агрегатна состојба на иверица затоа што последен пат некој такви купил во 1987-ма, на грешка, место каде што можеш да купиш сѐ што ти треба под услов тоа сѐ да е леб, брашно и шеќер. 

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

„Купи ми наполитанки со лимон“ - никој, никогаш

Кооперацијата беше социјална мрежа пред интернетот. Наместо на Фејсбук и Твитер таму сѐ знаеше што мислат и планираат политичарите пред тие да знаат, најголемите тајни на ЦИА, како Германија и Ватикан дадоа 3 милијарди марки за да ја растурат Југославија (ми кажваше еден десетар од Словенија, чекаа само Тито да умири и да се отцепат). Наместо бело и плаво како Фејсбук овде беше се во знакот на ламперија и ѕидови пожолтени од чад. Како и на денешните социјални мрежи секогаш имаше некои кои зборуваат, некои кои само климаат со главата демек лајк за муабетот, некои кои само гледаат и не прават ништо, а и такви шо играат шах во ќошот и кур ги боли за сѐ. Од Јутуб имаше само Хитачи со локално радио каде шо одеа честитки и поздрави шо беше првото пуштање на песна на ѕид. За шерување на содржини воглавно беа залужени бабите кои нешто слушнале, а не дослушнале од то шо се десило минатата вечер, а Цукемберг беше газдата на кооперацијата. Имаше и Инстаграм, ко ќе дојдат роднините со Полароиди од Амрекиа, па види ги шубај се, кога ќе ја мажиме, шо ти е Америка одма слики..

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

E, јеби га...

За жал топлината на овие кооперации е мртва. Во дигиталното време требаат дигитални кооперации. Нема пиво и месен нарезак онлајн ама селото е поголемо. Наместо да ги занеш тие 15 луѓе со кои секој ден го уништуваш џигерот интернетот ти дава да испаднеш глуп пред поголема публика. Тука сакам да им се заблагодарам на кооперација.мк шо ми дадоа шанса да испаѓам глуп на нешто подолго од статуси. Се надевам дека во иднина ќе добијат шанса и многу млади и паметни да го кажат она што го имаат додека другите ќе се преселиме да играме шах во ќошот и да пиеме Кокта (не е реклама).

Коментари


Остави коментар