logo

# Критика

Kнигите се наши скриени универзуми спокој

насловна слика

За мене книгата е можност да сонувам буден. Можност да ги ширам крилјата на душата, да го градам светогледот како врата која се отвара кон таен свет помеѓу некој од рафтовите со најважните книги во стара, преполна со оставштина библиотека.

„Новозидадените наслови влегоа во собата полна книги. како некои инспектори гледаа во просторијата. некои летаа, некои гледаа низ прозорецот. Имаше и такви испружени на широкиот кревет со отворени страници. Си ги милуваа речениците, некои букви претрчуваа како во детска игра. новајлии во приказна библиотека: „Ех книги, книги. .. откачена ви е собата/ денот“, ги заскокотка мислата, додека си го бараа местото по полиците.“

Пишувањето е градење кодови за иднината во кои минатато мириса на свежо расцветани липи во пролет. пишувањето е вкусување на јапонска вишна дури и ако си еским затворен во својот леден дом. Да читаме повеќе, да ги видиме зборовните галаксии на другите, да го спознаеме животот отаде кориците, оти непрочитана книга е како спалена книга од глупоста на денешницата.

Инаку, денот на книгата ја губи важноста и смислата кога цел неписмен свет почна да се слика на плажа со книги кои се гледа на фотографијата дека воопшто не се отворени, не пак [про]читани (среќа коронава не олабави од вакви глупости).

Денот на книгата останува да си го славиме ние, секој ден, без да се сликаме со корици од наслови кои не сме ги ни погледнале, за другите, отворете тоа интернет продавниците за книги, чак шта више, може да си купите некоја од моите...

Ајде, среќен ден, се гледаме во другиот свет, оној во кој се преминува како Хари Потер, кога ќе се затрчаш со глава во ѕидниот столб меѓу два перона.  

Нека е честит денот! Read books!

Коментари


Остави коментар