Денови на Живот/Денови на Смрт
Има денови живи,
Животот од нив како река тече,
Живеат и тие во живоста своја,
Живоста нивна е за живот вечен.
Има пак денови разживеани,
Живеат само кога некој ќе им рече,
На прагот се од темница и очај,
Од нив Живиот треба живот да влече.
Има пак денови на смрт,
Во прекривка црна обвиени се тие,
Никој не гледа што болка во нив се крие,
Што в душа им пече.
Има и денови на оживеаност,
Кога животот е пак подарен да гори,
Денови на премин од смрт во живот,
Денови создадени за човек да твори.