Зоран Заев: Време е да го решам проблемот со Чичко Мите
Во 2008 година, господинот Зоран Заев стана вршител на дожноста претседател на СДСМ. Оваа одлука беше прифатена со доза на контроверзност и песимизам од многу фанови на ВМРО-ДПМНЕ, но и кај фановите на СДСМ кои се уште не беа спремни да се опростат од Бранко Црвенковски како нивен лидер.
Еден од луѓето кои имаа проблем со назначувањето на Зоран Заев како претседател беше и Чичко Мите, постар човек од Скопје.
Чичко Мите од 2008 до ден денеска е полн со омраза со струмичкиот политичар и тој одбива да го нарече господинот Зоран Заев со неговото име.
"Шупак Струмички. Ете тоа е он! Шупак Струмички, така ќе го нарекувам у маало, така ќе го нарекувам на другарите мои, а така го референцирам и кога зборам за политика со сопругата. Ма нема шанса неговото име да го изговорам се додека сум жив!" - изјави Чичко Мите за Кооперација.мк
Овој проблем траеше дури дванаесет години и после долго време изгледа дека се наѕира крај на конфликтот. Господинот Зоран Заев излезе со свое соопштение во кое вели дека е спремен за кооперација со Чичко Мите. "Видете. Ајде да го баталиме минатото. Мора да се решаваат конфликтите. Јас сакам да си го имам името. Тој сака да не ме нарекува по моето име. Мислам дека е време да направиме некој договор. Еве, мислам би било фер моето име да го променам во Шупак Заев. Така и двете страни добиваат нешто. Јас останувам Заев, а тој ќе може да продолжи да ме нарекува Шиупак. Сфаќам, не можат сите да бидат задоволни од вакви компромиси, но мора да престанеме да гледаме назад и вакви конфликти што со години се влечат мора да бидат решени. Јас сум спремен офиицјално да си ја сменам личната карта и името во неа, само ако господинот Чичко Мите реши да го употребува моето вистинско презиме. Така, јас како Шупак Заев ќе можам да се гордеам со минатото на мојата фамилија и овој договор со Чичко Мите само ќе го зацементира мојот идентитет како Господин Заев. Ова е одличен договор и Господин Шупак Заев е решение за кое што сум спремен да водам напред!!!"
Чичко Мите се уште се нема изјаснето за овој договор и останува да видиме дали ќе ја прифати понудата.