Владата што дојде на власт најавувајќи дека ќе владее слободата на говор. Владата што дојде на власт најавувајќи дека нема да го промени уставот или уставното име на државата. Владата што дојде на власт со изгубени избори, па потоа собираше некакво си мнозинство со ДУИ. Владата што најавуваше 500 евра минимална плата. Владата што велеше дека се "лажни вести" информациите за повлекување на учебници и дека нема истите да бидат сменети за лажно да ја претстават историјата. Власта која во декември најави дека има договор за вакцини. Владата што најави дека ќе добиеме вакцини во јануари. Владата која што најави дека ќе добиеме вакцини до крај на февруари. Владата која сруши режим со пенкало (???)
Владата која направи се ова...а и многу повеќе, ПОБЕДИ во борбата со хуморот и сатирата.
Сатиричните вести ќе мора самите да објаснат дека се сатира. Претпоставуваме бидејќи интелгиенцијата на просечниот гласач е доволно мала за да открие што е сатира а што не, ама не сме сигурни.
Поради ова, ние сме обврзани да ви кажеме дека оваа вест ("Зоран Заев: Оваа влада направи грешки") е сатирична и лажна.
Зоран Заев се уште нема кажано дека оваа влада направила грешки.
Ама до душа најави дека сите што направиле криминал "ќе си лежат", па така ни останува да видиме кога ќе почне Зоран Заев да си лежи.
Најверојатно викендов.
Во својот мек прескап кревет.
Кој најверојатно има и мемори пена.
А можеби и нема.
Не би знаеле.