Борбата на владата против пркосот не запира! Откако беше отпуштен Стојко, лидерот на СДСМ тргна во плен на останати пркосџии кои го кочат прогресот на државата.
"Гледам на јутјуб, Зоран Заев од 2015 ептен ми пркоси на моменталните ставови! Се што вели е дијаметрално спротивно од ова што јас го тврдам. Ми го уништува имиџот, а и имиџот на партијата. Не смееме да дозволиме ваков лик да шета неказнето! Пред да отиде во затвор Драги Рашковски (кој патем сметам дека не направи ништо погрешно) ми остави во аманет еден софтвер. И со помош на тој софтвер ќе пробам да создадам машина за патување низ времето за да го средам Зоран Заев од 2015. Не запираме во борбата против пркосот! Остваруваме!" - рече Зоран Заев за македонските медиуми.