logo

# Хумор

Зоран Заев: "КСфегд5лсак0фдсл3с"

насловна слика
Лидерот на најуспешната светска политичка партија со иницијали СДСМ испрати мејл до медиумите во кој што тој вели: "КСфегд5лсак0фдсл3с. )fkdl;34saldsal? СЛе430дфк||||s-0++-/../21!!!! Sksfe? Сфекфдчат!!!!!" Многумина мислеа дека мачка му поминала на тастатурата на најинтелигентниот светски лидер со име Зоран Заев, но потоа медиумите добија уште еден мејл во кој се вели: "Претходната порака не беше грешка. Штотуку ни кажаа дека ако сакаме да влеземе во ЕУ за да добиеме 205 ќебиња догодина ќе мора да го смениме нашиот јазик. А јазик ко јазик. Пред милион години постоел? Не! Туку некои прогресивци го измислиле! Затоа време е да измислиме нов јазик! Дали порадо би сакале да се тегнеме во следните 50 години за тоа чив е јазикот и чива е азбуката што ја користиме или подобро е сами да измислиме свој јазик??? Не е ли добро КОНЕЧНО ДА ЗНАЕМЕ НА ШТО СМЕ? И ДА ИМА ЦРНО НА БЕЛО ДЕКА НИЕ СМЕ ГО ИЗМИСЛИЛЕ ОВОЈ ЈАЗИК???? Ајде, ве молам придружете ми се во користење на овој нов јазик, а јас ве уверувам дека кога вашите синови ќе умрат во војна на НАТО дека ќе бидат закопани во најквалитетни ќебиња! Остваруваме!!!" Со свое мислење се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат: "Па дали Зоран Заев стварно мисли дека ќе му помогнеме во неговите идеи?? Секако дека ќе користиме само МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!!!! НИКОГАШ НЕМА ДА ГО КОРИСТИМЕ НЕГОВИОТ НАЧИН НА ГОВОРЕЊЕ! Ние никогаш нема да отстапиме од тоа 39fdkdskef psafdsodskgd фдлкдсф44--ф--====+++++ с кфао94тксфсфсдк!! Така да се знае!!!!"

Коментари


Остави коментар