Претседателот на СДСМ започна турбулентно претседалствување во својата партија. Иако тој во тесна борба го победи господиот Заев, сепак, овој вториот не се покажува како грациозен губитник.
Поразениот од изборите веќе најави одложување на пописот за на есен, нешто за што Зоран Заев веќе изајви дека нема шанса да се случи и секој што повикува на нешто такво ќе добие кривична пријава.
"Си поигрува со мене. Изгуби на изборите и сега мисли дека ќе ми оди контра. Реков дека секој што ќе повика на одложувавање на пописот ќе биде казнет. Ова не е прв пат господинот Заев да оди контра мене. Веќе неколку пати најави дека нема да има промена на устав и дека нема шанса да прави коалциија со ДУИ. Намерно оди контра мене. Ама да знаете, нема зафрканција со мене! Ќе го победам и него! И ќе си лежи!!!" - изјави господинот Зоран за контроверзниот потег на господинот Заев.
Нас ни останува само да видиме како ќе заврши оваа сага од сериозната политичка битка помеѓу господинот Заев и премиерот.