Нов пресврт во ситуацијата со "онаа бе со скафандерон"
Откако објективните членови на СДСМ предводени од ПР генијалецот Коста Петров ја прогласија за херој поради нејзиното дело, се јави преубавата госпоѓа Захариева, која има свое видување за настаните.
"Јас немам појма која е таа Бисера, ама изгледа и овие од Скопје немаат појма која е таа. Не е битно. Глеам некои од Социјал Демократскиот Сојуз на Вашата Земја велат дека направила херојски потег? Молам??? Херојски потег??? Во вашата земја? Јас баш пред некое време чув дека таа Бисера еднаш гласала на Бугарски Идол за Ноне. И тоа значи дека сака да гласа на бугарски настани. Значи, сака да биде бугарка. Значи.. бугарка е. Го повикувам господинот Зоран Заев на преговори за тоа дали ќе ја славиме заедно или само ние." - изјави Захариева на бугарски јазик, а ние преведовме.
Зоран Заев, во 15:45 часот на ова одговори "Не ми се верува! Никогаш тоа нема да го направиме"
Во 16 часот тој свика нов прес каде што објави дека Бисера отсекогаш била чистокрвна бугарка.
Кога еден новинар посочи дека ова е целосно спротивно од неговиот став пред 15 минути, господинот Зоран Заев одговори со “Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред.” – по што се сврти и замина.