logo

# Хумор

Затвор во нашата земја, 2050 година

насловна слика

Затвор во нашата земја, 2050 година. 

 

Еден човек му се придружува на друг човек во ќелијата.

 

"За што си тука?"

 

"Ех... во 2020 сум пишал на твитер дека сакам да ја гледам македонската фудбалска репрезентација. Ми кажаа дека мора да го сменам твитот за да пишува дека сакам да ја гледам фудбалската репрезентација на нашата земја. Ама стар сум, 47 години имам, сфати ме, не си го ни памтам пасвордот... и не можев да се логирам и...така.."

"Aхам... да, разбирливо, сфаќам, договор е договор, мора да се почитува..."

"Да, сам сум си крив. Кога не мислам што пишувам... Него, батали тоа, ти за што си тука? Што имаш направено?"

"А бе... во младоста... влегов во една група на едни зезнати фаци... и тие почнаа со некои напади врз луѓе... и премногу бев навлезен во друштвово за да напуштам... и така... Убив десетици луѓе и имам рането уште толку..."

"Брееј...тоа е, секакви луѓе ќе сретнеш во затвор... Мило ми е!

"И мене ми е мило. Него, колку години ти дадоа?"

"А бе... пар месеци. Дека немав 1000 евра да платам казна... и еве сега 3 месеци казна во затвор... Ти? Колку години доби?"

"Па.. четири години добив да ти кажам право... ама ми делува како брзо да ќе поминат..."

"Да, да, не се грижи одма ќе поминат и ќе излезеш од затворов!"

"Да де. Одма ќе излезам од затворов уште ти ми остана, за 5 минутки сум надвор од тука."

"... што?"

"Како што? Јас сум министерот за одбрана од ДУИ. Ме пратија тука да проверувам какви услови имаат затворенициите. Уште ти ми остана и.. ќе одам. И така... ај, се гледаме друг пат. Со среќа друже, не се давај!"

Коментари


Остави коментар