Заев:Да се самозаразиме со Коронавирусот за да го решиме спорот!
Додека светот се бори со Коронавирусот и паниката се шири низ целиот свет, нашиот поранешен премиер дојде со генијална идеја како да го решиме проблемот со таканаречениот COVID-19.
"Луѓе, до кога ќе гледаме назад? До кога ќе сметаме дека коронавирусот ни е непријател? Дали сакате да живеете во страв или сакате да бидете едно со короната??? Долго време трае овој спор со вирусот и време е да најдеме решение. Не треба да се плашите од коронавирусот. Вие сте истиот човек без разлика дали сте заразени или не." рече господинот со иницијали триесет и три.
Во остатокот од неговиот говор тој кажа и "Видете луѓе. До кога ќе трае овој спор? Уште пар месеци? До крај на годинава? И следната година? Доколку сите се заразиме со вирусот тогаш борбата против COVID-19 ќе заврши! Дали сакате да го поминете животот во борба или сакате да го поминете животот во коалиција со вирусот? Ако за 50 години ве прашат децата зошто не сте го завршиле спорот со Коронавирусот што ќе им кажете? Да не дозволиме стравот да не' контролира! Ајде да се самозаразиме!"
Голем дел од граѓаните на светот се скептици за оваа идеја, но има и такви кои што го подржуваат Заев. "Nema da imate problem so virusot dokolku go percepirate kako vash prijatel! Ova e ideja sto ke ne doblizhi na chekor so virusot! Zosto da ziveeme vo strav, koga mozhe da zhiveeme zaedno so virusot?" напиша Petre Stojanoski под еден Фејсбук статус на Зоран Заев. Со свое мислење се појави и Muhamed Taqi кој во коментар напишал "TAKA E PREMIERE DOSTA SE DELEVME NA ZARAZENI I NEZARAZENI, AKO MOZHE VO KINA DA IMA VIRUS I DA IMAAT GOLEM GDP ZOSTO DA NE MOZHEME I NIE DA GLEDAME STO PRAVAT GOLEMITE ZEMJI! JAS SUM MAKEDONEC BEZ RAZLIKA DALI SUM ZARAZEN SO KORONA ILI NE SUM I TOA NIKOJ NE MOZHE DA MI GO ODZEME, VAKA SAMO KE BIDEME NA CHEKOR POBLISKU DO GOLEMITE SILI!"
Останува да видиме дали светските научници ќе ја видат невидената генијалност на поранешниот премиер и дали тој ќе добие уште една номинација за Нобелова награда.