Премиерот на владата, лидерот на СДСМ, поразениот на претседателските избори во СДСМ, уживател на возење со мотор, уживател во паштети, книги и јајца - Зоран Заев изјави дека нема поим дали нашата земја добро се справува со пандемијата.
"Видете. Гледав разговори со доктори и статистичари кои велат дека по секоја логика нашата земја не се справува добро со пандемијата.
Арно ама, гледав пред некое време и интервју на претседателот на Кина кој кажа "Нашата земја добро се справува со пандемијата". Исто така видов и интервју со претседателот на Србија кој кажа "Нашата земја добро се справува со пандемијата.", а капак на се видов и интервју со претседателот на Бразил кој кажа "Нашата земја не се справува добро со пандемијата." И сега јас тотално сум збунет за тоа дали Нашата Земја добро се справува со пандемијата или не. Пошто нашата земја е наша. А како вака испаѓа дека Нашата Земја е исто така и името на републиката на претседателите на Кина, Бразил и Србија? Ептен сум збунет, ќе треба изгледа пак да го смениме името на Република Нашата Земја, хаос ми е главата, ништо повеќе не сфаќам што се случува" - изјави Зочо.