После најавата за давање на отказ на Пауновски поради тоа што се осмелил да не каже "Да, шефе. Како ќе кажете, шефе. Вашиот задник денеска има прекрасен вкус, шефе", господинот со иницијали триесет и три со нови најави во борба за правдата!
"Секој што некогаш пишал негативен статус на фејсбук за мене ќе биде отпуштен од работа. Знаеме каде работите, ви ги следиме документите. Ако немате работа, тогаш ќе ве вработиме и ќе ве отпуштиме. Ако можам да го отпуштам Пауновски, можам да ве отпуштам и вас!" - изјави Заев.