logo

# Хумор

Заев: Попис? Го знам само од телевизија

насловна слика

Претседателот на СДСМ, поразениот на претседателските избори за претседател на СДСМ, Премиер на РМ, Премиер на РСМ, премиер на Република Илинденска Македонија е решение за кое што сум спремен да ве водам напред придуржете ми се, но пред се човек. Зоран Заев. Денеска имаше прес накој објави дека државата во ситуацијата е под контрола и само што не сме се средиле. Кај и да е. Чичкото го фарбал средувачот, кај и да е ќе дојде и кај нас.

Но многу побитно беше тоа што после пресот имаше дел каде што одговараше на новинарски прашања. Еден од новинарите го запраша до каде е пописот бидејќи до пред некоја недела велеше дека секој што нема да се попише во Април ќе добие 500 евра казна.

"Попис? Не го знам. Ми звучи познато. Само од телевизија го знам. Го имам сретнатно негде кога сум вртел по каналите. Иначе вака од прва... не верувам декa го знам." -одговори Заев.

Кога еден од новинарите му појасни дека пописот не е човек, господинот Зоран Заев одговори со: “Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред.” – по што се сврти и замина.

Коментари


Остави коментар