Проблемите во државата не стивнуваат. Секој ден изгледа како да произлегува нов скандал, но сепак, претседалот на СДСНЗ - Зоран Заев, е оптимист дека државата ќе заврши на прав пат.
"Оптимист сум. Не, чекајте. Што беше оптимист? Тоа беше она кога си сигурен во нешто? Или беше кога си позитивен за крајниот резултат на нештото? Или беше нешто со очите? Кога имаш проблем со очите па одиш на оптимист да те прегледа? Или како беше?" - ја започна Зоран Заев својата средба со новинарите.
Откако му беше објесната разликата меѓу оптимист и офталмолог, тој продолжи:
"Да. Така и си мислев. Оптимист сум. Оптимист сум дека ќе создадеме уставна држава во која сите ќе го почитуваат уставот. А ете, дури и уставот да не се сложува со моите планови... па ајде луѓе да гледаме напред. До кога ќе дозволиме едно обично парче хартија да не дели од нови победи? Нашата цел е градење на правна и уставна држава. Ве молам да не дозволиме уставот да не спречи во создавање на уставна држава. Ако треба и ќе го смениме. Запамете ми ги зборовите, нема да дозволам неколку документи, неколку парчиња хартија, и да ми извини ЛГБТ заедницата пар шупаци да ме спречат во моите цели!" - изјави Зоран.