logo

# Хумор

Заев: 500 евра казна ако се попишете овој месец!

насловна слика
Во пресврт на настаните како да е ова филм на М.Најт Шјамалан, премиерот Зоран Заев се закани со сериозни казни на сите што ќе се попишат овој месец. "Ма ајде. Во пандемија ќе отварате врати? Гледате ли што се случува! Замисли па крадец ако ви тропне на вратата? Секакви идиоти тропаат на врата, ја знам таму негде пред Божиќ некои хулигани мали ми пеат за смрт на дедовци и квачење јајца. Затоа, не отварајте врата. Седете дома. Доколку некој отвори врата и проба да се попише тогаш ќе следува петстотини евра казна. Мора некој ред да се има" - изјави Зочо. Кога беше запрашан за тоа зошто ова е целосно различно од неговите минати говори тој само кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврти и замина.

Коментари


Остави коментар