Христијан Мицкоски: Немаме став дали Коронавирусот е лош
Лидерот на една од најголемите педесет партии во државата - Христијан Мицкоски, попладнево излезе на прес за да го изјави ставот на својата за глобалната пандемија.
Мицкоски излезе храбро и достоинствено и без страв се обрати на дузината новинари кои беа присутни во прес-центарот на партијата. Во продолжение го пренесуваме неговиот говор во целост:
"Почитувани дами. Почитувани господа. Почитувани вируси. Знаете дека во моментов има глобална пандемија. Знаете каква е ситуацијата. Овој период редовно ми вртат и ме прашуваат за став во врска со Коронавирусот. Ме прашуваат дали сме за или против Коронавирусот. Ние сметаме дека народот има право да реши што и да сака. Па 2020 е. Секој смее да има мислење. Ние нема да кажеме дали Коронавирусот е лош или не, ќе оставиме сами да дојдете до тој заклучок."
Христијан Мицкоски ја напушти просторијата без да одговори на новинарските прашања, па така и еден наш познат новинар остана без одговор на прашањето "А дали смееме да копаме бунари со тетин ми во ова време?"