logo

# Хумор

Венко: Реков дека нема потреба од мерки за да го збунам вирусот

насловна слика

Венко Филипче конечно одговори на своите критичари. Имено, пред неколку денови, од Министерството за здравство излезе вест дека нема потреба од нови мерки бидејќи вирусот е премногу раширен, а сепак денеска беа воведени нови, сериозни мерки во борба со пандемијата.

"Хах, мала шала, знаете како е хаах. Знаете она у фудбал кога мрдаш лево за да го збуниш противникот и после одиш десно? Хаха, па така и тука, демек ќе кажеме нема нови мерки.... тамам да се опушти вирусот.... и така на опуштеното... ОП! Му скокаме на вирусот и го фаќаме баш кога се опуштил. Се е ова тактика, и ноторна лага е да се каже дека сме немале стратегија. Имаме стратегија исто како Зоран Стратев. Хаха, иначе ако не знаете Зоран Стратев е фудбалски СТРАТЕГ. Хаха Зоран Стратев? More like...Зоран Стратег... хаах ви текиња? Хаха" - изјави Филипче

Коментари


Остави коментар