logo

# Хумор

Венко: Наместо вакцина, секој ќе добие скафандер!

насловна слика

Откако Бисера Костадиновска Стојчевска се пофали на социјалните мрежи дека отишла на работа облечена во скафандер, министерот за здравје боже - Венко Филипче објави нов план во борба со пандемијата.

"Видете. Вакцините се скапи. Скафандерите се поевтини. Ако може мојата колешка да оди на работа со скафандер... зошто да не одите и вие? Капитализмот не смее да трпи. Затоа, ќе си отидете во салата "Борис Трајковски" каде наместо вакцина ќе добиете скафандер. Ќе си го облечете и ќе си одите на работа за да работите за минималец. Исто како Бисера Костадиновска Стојчевска... ок, минус фактот што она не работи за минималец и Коста Петров и кажа да го постира ова на фејсбук во надеж дека ќе добие ПР поени. Ама освен тоа, што ве спречува?" - изјави Филипче.

Коментари


Остави коментар