Што ве очекува во Април 2020
Календар за Април 2020:
1: Снег
2: Град
3: Олуја
4: Грмотевици и силен дожд
5: Се појавуваат ајкули во Охридско езеро
6: Се појавуваат китови во Преспанско езеро
7: Се појавува вода во Дојранско езеро
8: Се враќа Денис Екс на музичката сцена
9: Денис Екс пушта прв сингл фичринг Били Звер
10: Оливер Спасовски станува премиер на Република Македонија
11: Ти текнува дека го сменија името
12: Ти текнува дека стварно Оливер Спасовски е премиер
13: Се уште постои Оливер Спасовски
14: ВМРО пуштаат програма дека ако дојдат на власт ќе донесат и Диносауруси во Охридско езеро
15: На Водно се појавува Бигфут
16: Се открива дека не бил Бигфут туку Миленко во карантин неизбричен
17: Љупче Златев пишува статус на Фејсбук за (велигденски) јајца
18: Владата најавува инстант избори, за конечно да се знае која партија ќе биде на чело на државата пред да настане апокалипса
19: КОВИД е мутиран. Секој контакт со воздух значи 80% шанса дека ќе починеш. Партиските ботови сепак одат од врата на врата да ти дадат пенкалце и упаљач за изборите што ќе се случат утре
20: Се случуваат изборите. Иако постои 80% шанса за смрт, излезеноста меѓу пензионерите е 99%
21: Се чекаат официјални резултати од изборната комисија, која во согласност со прописите од ЕУ решава да го смени името ДИК за да не биде первезно. Се создава нова комисија која што ќе трае се до крајот на месецот/светот со назив "Краткотрајна Унија за Резултати"
22: Според резултатите, мнозинство добила "Партијата на Мамичките" која што се состои од сите членови на групата на Фејсбук
23: Пак ти текнува дека постои Оливер Спасовски
24: Се појавува Годзила во Скопје. Не крши ништо бидејќи цел град е распаднат уште пред година дена
25: Се појавува Кинг Конг. Скопјани го бркаат да си оди дома во Прилеп.
26: Се појавува Мелита Ракичевиќ без шминка и фотошоп
27: Се појавува Мелита Ракичевиќ со шминка и со фотошоп
28: Се појавуваат букви на небото на интервал од 10ина минути. Буквите спелуваат "Ова ви е дека не го пративте Гиш на Евровизија"
29: Се појавува Исус Христос во Македонија. Пробува да им помогне на сиромашните. Го апсат за крадење ќебапи. Дели ќелија со Боки 13.
30: Метеор ја удира планетата. Земјата повеќе не постои. Универзумот најверојатно никогаш нема ни да знае дека постоела оваа населена планета. Останатите планети си продолжуваат по старо.
Први мај: Се собираат луѓе на ќебапи и пиво.