Имаме колекција на сите ставови и мислења поврзани со главната тема деновиве!
Зоран Заев: Скафандер? Па да бееее, генијално, одма ќе си ставам на моторот!
Христијан Мицкоски: Знаете, како што рекле старите... ни срам..ни перде..ни скафандер.... - sent via app "HristijanMickoskiQuotes2021"
Димитар Апасиев: Па дали е сево ова уставно? Дали е ова дел од римското право? Дали старите римјани имале скафандери??? #ЌеСиЛежитеВоСкафандери
Ѓорѓе Иванов: Сакам ска музика. Сакам фендер. Немам проблем со ова
Стево Пендаровски:
Али Ахмети: Скафандери помагаат ептен, ми текнува во 2001, еднаш седам ја у шумата..кога почна да грми..кога почна да дува...кога почна да в рне...па извадив пар скафандери за мене и за Талат, се облековме, едвај се спасивме да не настинеме некако...
Никола Груевски: Шо бе? Срања у Македонија, а? Хахаха, па кога не ви текнало да си напуштите со време сега ќе се жалите ахах тоа е батец, кој како си ја наредил
Васко Ефтов: А чекајте малце. Сакате да ми кажете дека таа девојка е навистина таа под скафандерот? Само очите и се гледаат. Од каде да знаеме дека на пример не е Хелен Мирен под скафандерот? И се спрема за улога? Од каде да не знаеме дека не е Ерзана под скафандерот? Дали оваа девојка навистина постои? Го имате слушнато нејзиното име пред денешниов ден? Што ако убиецот на Јонче Христовски се крие под тој скафандер? Што? Мислите дека Јонче Христовски не е убиен? Ма ајде ви се молам, многу сте наивни.
За се ова, дали има чипови во скафандерите, кој сака кападастер за фендер и многу повеќе само на мојот јутјуб канал. Во Центар. Бидејќи вие имате право да ја знаете вистината.
Љупчо Николовски: Дечко, ја не сум Љупчо Николовски нити знам кој е тој, како изгледа и дали е некаков фактор у светов
Радмила Шеќеринска: Скафандери? Одлична идеја! После ќебиња и хеликоптери ќе нарачаме и скафандери од НАТО! Ако се смилуваат ќе ни дадат. Ако не..ќе си платите.
Дедото од Сител што водеше временска: Не очекува врнежливо време. Излезете само со чадор. Или со скафандер.
Петре Шилегов: Девојката е херој! Затоа ќе го смениме "Воин на коњ" со "Воинка во скафандер!"
Оливер Спасовски: Што? Некоја пратеничка фатила ковид? И љубоморам, јас ништо не можам да фатам...
Миле Јанакиевски: А бе..дечки..кај ме водите..зашто во затвор бе...како тоа скафандер? Што е сега ова бе? Па ја немам контакт со скафандери..а бе..зашто ја у затвор бе? ало..дечки што се дешава бе...
Миленко Неделковски: Браво! Супер потег! Јас порано си правев капа од фолија за да не ме следат ФБИ и ЦИА, ама ова со скафандеров е подобар потег! Цело тело се покрива! Сигурен сум дека девојката исто како и мене знае дека вонземјаните работат во ЦИА и кријат дека земјата е рамна, а Данска е фиктивно место и сите жители таму се само актери!
Илија Несторовски: Пичка ви матер!
Тито Петковски: Видете, можеби звучи чудно, ама скафандерот помага во ситуација на глобална пандемија, знам мене ми помогна кога беше последната пандемија. Што? Птичји грип? Свински грип? Ебола? Не бе...ова..Шпанскиот грип кога беше...ја копиљ бев, тогаш у пубертет влагав..и ете..излезе од нигде никаде...
Јас: Како се вика скафандер со лош квалитет што има огормна цена? СКАПАНДЕР! хахаха ви текиња? дека ..скап е? и дека е скапан? хаахахха....добро бе, не мавајте одма, дееееее.........
Врчак: Деца бевме јас и Перо само слушнав БИИИИИИИП...Поп го згази со мерцедес џип.....................арно ама Перо носеше скафандер, па си стана исто ко ништо да не било и си продлживме со играта. Понекогаш се прашувам каква би била ситуацијата ако не носеше скафандер тој ден... хах, ваљда никогаш не би ни знаеле....