logo

# Хумор

Што рекоа познатите за Златна Бубамара???

насловна слика
Што рекоа познатите за Златна Бубамара: Микица Ѓорчевски: Еј да ти ебам, џабе сменив име, ни Оскари, ни Евровизија, ни ракомет, ни Бубамара, во ништо да не се победело еј... Христијан Мицкоски: Шо награди се ова бе? Пејачи, актери ова она... Кога ќе направите награда за нерелевантност?  Член на албанска политичка партија: Фалеа албанци да освојуват награди. Еве на пример зошто Кучково да добие награда за село на годината, а не Зијадин??? Зошто награда за груби на годината не доби Артан, туку рацете на вработените во конфекција? Не знам, сумњиво звучи тука. Коста Петров: Немам 30 прашања сега, имам само едно. Зошто не ја освоив наградата за Сузана Турунџиева на годината? Димитар Апасиев: Еј, не дека мојава не е лоша, ама да имаше награда за Левица на годината на Златко ќе му ја дадев, секоја вечер ја дружи Миленко Неделковски: Елитите не сакат да го знаете ова, ама вистинските награди се случуваат зад затворени врати. Таму се вистинските категории. Има категорија за Миленко на годината. Јас трето место бев зад Мирка и Љупче Златев.  Имаше и награда "Атиџе на годината" а.к.а. "пола мене-пола тебе" и ВМРО и СДСМ ја освоија оваа. Слушајте што ви зборам, таму е журката, ова само ви мавтаат очи од дипстејтот демек бубамара, а нема врска Водителката на Црн/Бел Бумбар од порано: Ништо ова бубамари, бумбарите се бољи Зумери: Ок, што кур е ова Црн/Бел Бумбар, каков тип на емсиија е ова бе, од кај ги знае овој емисииве, дај не ме зезај иди еби нешто не постирај статуси Миленијалци што ги гушкале ко мали: Неам појма ни ја што емисија е ова искрено Миленијалци што не ги гушкале ко мали: Еј да, еднаш се сеќавам со моите на ТВ гледав, се јави татко ми на телевизија и чекаше пола саат за да му даде бумбар на Црвенковски. Не  знам зошто сака да му дава бумбар на Бранко, а не сака цвеќе на мајка ми да и даде, ама ајде, да не им се мешам Бумери: Лајк? Сед риект? Лав риект? А бе само црн и бел бумбар бајо мој, тоа ти е права ствар Катица Јанева: Ех, не се замарам ја со Бубамара ептен, се откажав од награди кога ја и Боки не земавме награда за драма на годината... Рандом македонец: Lele zosto se zamaras so vakvi raboti, neli gledas samo pravat raboti za lugje da se troshat vreme so gluposti? Sve ova e namesteno, tvoeto mislenje nema nisto da smeni, site ovie se druzhat posle emisijata, ova e samo za narod da se lozhi, se znaat pobednicite unapred......nego batali toa gleashe Zaev-Mickoski? Врчак: Најдобра поп пејачка на годината Тамара? Ниту еднаш ја неам чуено да каже "Господи помилуј", ебате попот...

Коментари


Остави коментар