Што рекоа познатите за следните избори?
Микица Ѓорчевски: Ќе биде интересно. Многу прашања произлегуваат од избориве. Дали ќе формираме влада иако сме изгубиле со 20%? Дали ќе формираме влада иако сме изгубиле со 30%? Дали ќе формираме влада иако сме изгубиле со 15%? 40%? 60%? Кој знае, има само еден начин да дознаеме!
Иксристијан МицкобезВски: Народот знае што сака! Лидер со став! А можда и не сака тоа, шо знам? Ама едно е сигурно. Ќе победиме! Ама шо знам уствари, можда и нема да победиме? Време е за промени!!! Ама од друга страна можда не е време за промени? Кај промени сеа....АМА ДА, ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ! Ама види вака, уствари малце да размислиш да седнеш... шо знам. Дали е стварно време за промени? Не знам да ти кажам прао...
Али Ахмети: Време е за прогрес. Со години терористите што биле 15+ години на власт наместо да отслужуваат доживотна казна затвор биле сметани како личности што не може да бидат премиери. До кога вака??? До кога ќе бидете терориститешто билепетнаесетплусгодининавластнаместодаотслужуваатдоживотнаказназатвор-фобични?!?!?! Време за прогресот да продолжи понатаму!
Член на шарената револуција: Кој и да победи на следните избори, ние сме тука и спремни сме за револуција! Целта на нашата револуција е секоја следна влада во иднина да знае дека ќе се бунтуваме против нив и дека тоа нема да им помин....хахаа добро, ме фативте, не сум член на шарената револуција, Војче Китановски сум, пробував нова шега. Ви се свиѓа? Не, а? Добро сеа тоа е..
Миле Јанакиевски: Ееееј, пер да ти еам, кај бе баш на 15ти Јули избори??? Па баш тогаш нешто имам закажано треба да ме апсат...ај у курац кај го најдовте датумов...
Катица Јанева: Леле пер, не зезај, знам како ти е!!! Ја баш тогаш имав закажано стриптиз еден вечерта, ама ај, од сабајле ваљда ќе најдам време за гласање, ваљда ќе ми отворат, а? КОВИД-19: Охоооо, избори а? Ќе треба од изборно место до изборно место да одам за да видам дали ме има во избирачки статус..
Ѓорѓе Иванов: Шо е ова КОВИД бе???? Па секој втор напраи своја партија...шо значи ова КОВИД? Комунистичка Организација на Вегани, Интелектуалци и Дилетанти? Не знам од кај им текињаат кратенкиве....
Стево Пендаровски: Можеби со месеци имаше вонредна состојба, ама ве уверувам, изборите за сите вас ќе бидат извондредна состојба!
Игорче Трпески: Ништо ни одложување на избори, ни мерки, ни маски, мирно, културно, остај го човекот нека гласа од таму колку сак....уууу како колку сака што ли беше сега оваа..аууууу
Сузана Турунџиева: Nekoj saka da se izbori, ama kako da se izbori ako toj planira da se izbori na izbori? Nema izbori ponekogas, mora da se izbori na izbori. I zbori deka ke se izbori na izbori? Ah, izbori li se izbori...
Никола Груевски: Како одеше гласање од дијаспора? Тука одам кај маџарицава? Треба нешто да дадам крв, мокрача или сперма? Ради пандемијава?
Ѓорге Иванов: Шо бе пак ја? Па погоре кажав ја нешто. Што ме прашуваш за изборите, не се замарам ја со политика...што? Претседател сум бил? Могуче да ти кажам, не ми текиња, сите сме правеле глупости кога сме биле помлади... Башка можда си ме смешал? Еве некои вака знаат да ме смешаат со Борис Трајковски ама не знам зашто, јас не сум спортска сала, јас сум човек... стварно не знам зошто вака ми праат...
Димитар Апасиев: Видете, знам многу луѓе се сомневаат во нашата партија поради тоа што е штотуку создадена. Но јас ве уверувам дека ги имаме сите вештини како и поискусните партии. Еве, веќе пар години постоиме а веќе се поделивме на табори и се расправаме за тоа кои се повистинските членови на партијата. Но нема да запреме тука во обидите да станеме вистинска македонска партија. До вторник планираме да влеземе во коалиција со Амди Бајрам. Во среда ќе прекинеме коалциија со него и ќе кажеме дека тој е минато. Во петок ќе влеземе во коалциија со Лиле Поповска. Во сабота ќе влеземе пак во коалција со Амди Бајрам и ќе кажеме дека е време да се остави минатото таму каде што припаѓа и дека е време да гледаме напред и да си простиме. Планираме три дена после тоа да кажеме дека е време за промени внатре во партија. На 12ти Јули ќе побараме предвремени избори. На 13ти Јули ќе кажеме дека не ги прифаќаме резултатите од изборите. На 14ти Јули ќе се распаднеме. Ве уверувам дека ќе ги поминеме сите стази што се потреби за да се стане сериозна политичка партија!
Сузана Туруниџиева: Partiite se kako mazhi. Nekoi ke ve ostavat so prazni race a nekoi ke vi dadat penkalo
Просечен: А бе види батец...сјебано ке биде на 15ти Јули..знаеш како е..никад не вели никад..овие плавиве демек цело време у топ позиција..ама знеш дека црвениве се опасни у ваква ситуација кога нема што да изгубат..шо знам батец....ја би рекол Манчестер Сити-Бурнемаут ГГ3+ ќе биде, уплати си со време, 2 и нешто квота батец
Македонски пејач кој што сака да остане анонимен: Еј ептен зезна ова коронава, спремен бев да пеам по настапи за било која партија. Не ми е битна идеологијата, битно ми е да лапам пари. Веќе имав спремно песна не е ни битно за која партија, спремен ми е текстот за сите одговара, значи пази сеа:
100% ќе гласам - 100% е да, да бојкотирам јас немам намера.
100% ќе гласам - 100% е да, и пак ќе ви кажам одам на победа.
Ко Бајадера сладок е, сладок е сладок жими се....
Ок добро, не ми е ова целово оформено уште, ај да не откривам ептен многу, знаете, сакам анонимен да останам, после да не кажат Господине ХХЛ вака, Господине ХХЛ онака, кога ќе ги пишете одговориве мои ставете таму дека сум анонимен ок?
Лидерот на ИНТЕГРА: ...дечко си ме смешал ти мене, немам појма која е партијата, уште помалце да сум лидер на партијата
Линдзи Лохан: Ееееј пер, значи, ми текиња еднаш пред 10ина години, значи ја на една журка со Меколи Калкин, Ејми Вајнхаус и Снуп Дог седиме...и као буквално сите дроги на свет што постојат ги конзумираме....коа ме мавна една креатива...му викам на Снуп "Пер, дај тоа тетратката да пишам едно, не биди куче касапско да ти еам" и овој ми дава тетратка..и ја пишувам така у знаес све што ми текнуе....и као тотално забораив што глупости имам пишувано...кога баш пред некој ден се логирам на интернет...кога гледам, овие од ВМРО нашле тоа што сум пишувала и ставиле као кампања да им биде..значи еј, ептен дрогирана работа бе чоек..
Сузана Турунџиева: Izborite se kako pesna na Ugro..posto...Znam deka si ti, koga vikam Ali?....haha vi tekinja, deka u pesnata vika Alo? A tuka e Ali? Posto ustvari partiive koaliciraat so Ali? Vi tekinja? Deka Ugro beshe eden peach porano? Nesto kao makedonski Pitbul? Ama Pitbul onoj peacot sto e ne kuchinjata. Deka e kjelav sakam da kazham i taka demek rapuva. Ma da i kuchinjata se kelavi..ama me sfakate taka?
Лидерот на ИНТЕГРА: Дечко шо? Не те слушам, имам проблем со ушите нешто. Што? Интеграл? Па да, морам интегрален леб, нешто проблеми имам, лекар ми кажа така...а? Мидер? Па има мидер жена ми што ќе и е пак да и купувам? А? Партија? Интегра? Шо е тоа бе? Си ме смешал со некој изгледа....
Македонски актер постар од 40 што нема да го најдете на пратеничка листа на некоја од партиите:
Златко Калински: Можеби не е битка на титаните како што тоа беше борбата во Манила помеѓу Џо Фрејзер и Мухамед Али. Можеби не е битка на громовниците како таа во 2016 во Токио помеѓу Болт и Гетлин. Можеби не е возбудливо како финалето на Светското Првенство во 1954 помеѓу Западна Германија и Унгарија. Можеби нема да ве израдува како титулата на РК Вардар во Лигата на ракометните Шампиони во 2017 и 2019. Но сепак, битката на 15.07.2020 помеѓу Заев и Мицкоски ќе биде една од битките.
Ок толку. Ни јас не можам да направам ова да звучи епски, мислам ајде, одете гледајте Фермана-Самбенедетезе во Серија Ц, сто посто позабавно ќе биде од ова.
Лидерот на Интегра: Не, не сум лидерот на Интегра
Сузана Турунџиева: Izborite se kako bloudzab. Bitno e da go zgrabis so dvete race i da go zaokruzis.
Lide Lide: Gospodine Venko. Ajde da napravime eden Venkov Dijagram, toa e kako venov diagram ama dvete celini se poklopuvaat
Лидерот на Интегра: Дечко ја сум Христијан Мицкоск...чек бе кај одиш? Не ме знаеш бе? А бе чекај бе, имам да кажам нешто...
Врчак: Деца бевме јас и Перо.......ВеМоламПомогнетеСоОваСитеГиЗавршувамМисламАјдеТиСеМоламВрчакПоследенПатБешеРелевантенКогаДостаДимовскаБешеАктивнаНаСценатаПаДоТолкуЛиНемаДругиЛуѓеУДржававаОдТогашМисламАјдеВиСеМоламДуперСеПојавијаИОниСеРаспаднааПобрзоОдВладеењетоНаХариКостовХахаВиТекињаНаХариКостовБе?АНаДостаДимовска?ЕеееДостаТоаБешеЖенаИполНакајДвеНемаТаквиЖениУПолитикатаВеќеСвеНештоНиниМиниФалатНекоиТаквиАвторитетниДаЛупнатНаМасаНегоБаталиЗабегавЈаШоМиБешеМуабетот?АДа.... само слушнав бииииип