Социјални мрежи во 2049:
Митко Митковски:
Зошто пилето го поминало патот? За да стигне до другата страна
Коментари:
Maksimilijana Minimalska
Добро што кур?????? Те сметав за сериозен дечко, стварно во 2049 нема потреба да се форсираат стереотипи за животните, можеби ти си човек на хартија, но со вакви шеги само повеќе ги повредуваш животните. Не ми се верува дека еднаш ти лајкнав статус "Лајкни го ова ако ти се пие вода или имаш врата во собата" сега ќе го тргнам лајкот ми се гади од тебе!!!
Pere Nokautovski
Haha a sto ne praese vakvi shegi koga ovie od SDSM bea na vlast a???? Demek nie VMRO sme pilinja?? LAFOFI SME IDIOTU EDEN!!!
Kimi Belokrak:
Hahahaha kako im ja kazha be hahaa dupi si gi tamu hahaa car si be car hahahaa
Maja Maja
Не ти требаше статусов. Има луѓе што секојдневно се сопнуваат по пат. Има луѓе што кога го поминуваат патот ги удира Тесла. Стварно не сфаќам што е смешно со нешто што ги повредува луѓето. Поради вакви луѓе со мали мозоци како тебе се распадна Северна Македонија. Бедно и патетично, што се нема да пишете за лајкови...
Gjoko Haxhi Pop Car Trajanov
Vidi, te sledam dolgo vreme. Jas kako star gragjanin, vo zemjava zhiveam uste pred da ja podelat. Te pratam po socijalnite mrezhi, na InstaSnap, na Facebook, na PornJizz i te sledam po ulici nekad. Te znam od mal. Znam deka ne beshe vakov porano. Porano beshe dobar dechko, za SDSM beshe, sega od statusov dobivam nekakov VMRO vajb. Ne znam, se nadevam deka gresham, ama ne znam, nekako pochnuvam da mislam deka propagandata dopre do tebe....
Stole Dole Mitrovski
Hahaahahahaaaaa ne go sfativ ama hahahahahaa car si ej hahahaaha
P.S. Site zhenski sto isto taka se nasmeavte na ova pratete mi nudes vo poraka, ochigledno se smeeme na isti raboti haahha
Shumul Pandevski
Vidi, ja mozhda sum mlad, i mozhda se rodiv koga Akademija Pandev se spoi so Akademija Shumulikovski za da se kvalifikuva vo Liga na Shampioni...ama toa ne znachi deka nemam mislenje za ovoj seriozen status preku koj sto probuvas da ja radelish nacijata. Da, mislish deka preku shegi ke uspeesh da shirish propaganda i napadi, no vistianta e druga. Imeno, imam izgledano tri videa za istorijata i sfakjam deka...
Click here to see entire 1.8m characters of the comment
Hristo Isusovski
Ок, зошто со атеистички шеги??? Не сфаќам, зошто??? Па и пилињата се живи суштества, Бог и нив ги сака. Стварно не сфаќам зошто мора да исмејуваш религија во ваков статус...
Mitka Mitkovska
Sine, tatko ti vika da mu uplatish Barsa ko ke se vrakjash od rabota
Сашо Мијалков
Друже, јас не измислив еликсир на младоста за вакви луѓе ко тебе да шират омраза и пропаганда. Дојди на информативен разговор деновиве да те потпрашаме кој те плати за статусов, кај беше во војната во 2029, и од кај му се парите на татко ти да ти купи седнвич од Седмица кога си бил мал....
Социјални мрежи во 2050:
Pere Nokautovski, Shumul Pandevski, Маја Маја, Maksimilijana Minimalska and 5 others shared a link:
PichkirTochkaMK: Веќе шест месеци не е пронајдено телото на Митко Митковски.
Сашо Мијалков:
НАГРАДНА ИГРА! ЛАЈК, ШЕР, И КОМЕНТАР НА СТАТУСОВ И ДОБИВАШ НАГРАДА! ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР!
Comments:
"Amin", "Go sakam vo sandakot" , "Te molam odberi me rodenden i e na svekrvata pa sakam da ja izneandam" and 1.532.424 more comments
Hristo Isusovski
Ај да го снемаше три дена ќе беше ок, ама вака... Се надевам Митко е сега на подобро место
Mitka Mitkovska
Sine... ne znam dali go chitash statusov....ne znam dali si na podobro mesto...ne znam dali si dobro...ama sakam da znaesh deka sekoja vecher se molam za tebe od nekade da se pojavish.... i da mu go dadesh na tatko ti tiketot so Barsa, dobiten tiket beshe, i te snema tebe so nego
Stole Dole Mitrovski
Lajkni go statusov ako imash noze, race, ili sakash da se vatime