logo

# Хумор

СКОПЈАНИ ДИШАТ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ ЗАТОА ШТО ДОЛГО ГИ ДРЖАТ ОТВОРЕНИ ФРИЖИДЕРИТЕ

СКОПЈАНИ ДИШАТ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ ЗАТОА ШТО ДОЛГО ГИ ДРЖАТ ОТВОРЕНИ ФРИЖИДЕРИТЕ

 

                Држете ги пријателите блиску, непријателите поблиску а фрижидерите затворени. Ова беше слоганот на вчерашната прес-конференција градоначалничката на град Скопје, која го изјасни својот став за загадувањето:

 - Не е точно дека се е до психата, има нешто и до фрижидерите. Во мојата кампања за градоначалник ве предупредував да не ги држите отворени фрижидерите многу долго време. И ете, сега Скопје е загадено, токсично а дури и променливо облачно. Немојте да ги држите отворени фрижидерите долго, ја менувате климата со тоа. Сакате ли да нема снег на Водно, тоа ли го сакате? А туристи од каде? Кој ќе ми ги плаќа долговите за проектот наречен НИШТО? Вие? Ве молам да ги затворите фрижидерите сместа. И секој пат кога ќе го оставите фрижидерот отворен, помислете на сијаличката внатре. Кај и да е може да прегори.

                Нашиот тим веднаш испрати екипа на лице место и што е точно, точно е. Празните фрижидери обично се долго отворени. Тие се единствената причина за загадениот воздух околу нас.

Коментари


Остави коментар