logo

# Хумор

Секоја епизода на "Онаа емисијана со кутиине на Лила" ever

насловна слика

-Доаѓа кандидатот

-Цела фамилија му е во публика

-Доаѓа со детелина со четири листа, светена вода, гаќите ги носи обратно, а чорапите и нема сменето од кога ВМРО беа на власт пошто верува дека му носат среќа

-Има тактика да ги чува прво среќните броеви

-Отвара пар кутии

-"Како ги бираше кутииве?"

-"Па на 18ти ја запознав за прв пат учителката по Биологија на синот, и тоа ми е така среќен број"

-"А што е со бројот 11?"

-"Па еднаш на единаесетти у месецот видов куче у двор, така да тоа ми е среќен број ќе го чувам"

-Отварање уште пар кутии

-"А Лила иначе ја напишав песна за тебе"

-Тотално истото што го пишува секој во секое издание секогаш

-Тргни се на страна Лешовски го имаме следниот познат поет у државава

- "Поема за Лила"Лила без Сила е Мила и Била Вила што Дила Крила и е straight Killa у петна Жила а не Кобила ууу Шилааааааааааааааааа

-"WOW па ја сум остаена без зборови!!"

-Отварање пар кутии

-"А дали имаш некоја приказна за нас?"

-Па........*почиња музика и камерата зумира на ликот демек типот ќе раскаже приказна за Нобел/Оскар/Златна Бубамара"

-"Хаха, ептен смешна приказна ми текна.........еднаш.........со комшијата..........шверцавме киндер јајца у Америка......и......се сопнав ја еднаш хахаха"

-Водителката вади насмевка што е пофејк од периката на Џон Траволта или градите на Мелита

-"Хаха, пресмешно, дајте аплауз хаха"

-Следна рунда

-"Пази, немаш ептен кутии, да не сакаш да ја прашаш жена ти за совет?"

-"Ајде"

-"Не ти се мешам ја......ама....ја би го отворил оној у трет ред"

-"Ауу..ја богами би ја отворил плавушата"

-"Добро мажу, отвори ја ако сакаш"

-Натпреварувачот се мисли

-"Да да....Плавушо? Сакам да те отворам еј!!!"

-Завршува рундата

-Добива понуда од 1000 евра

-"Хехе ја сум шизик на ризик не си одам дома без милион!!!"

-Следна рунда понудата е 20 денари

-Оди до крај, си оди дома со 10 денари

-"Како си помина?"

-"Хаха, не се битни парите битно е да се дружиме, хаха"

-Доаѓа после снимање дома, пола маало му вика "Ај да частиииш си зел париии"

Коментари


Остави коментар