logo

# Хумор

Секој разговор за време на протести во земјава

насловна слика

Секој разговор за време на протести во земјава:

 

-Брат виде ова протестиве?

 

-Ајдеее...хаос еј, глумат лудило само!

 

-Зашто бе?

 

-Опозицијата ги плаќа! Се е ова политички мотивирано! И нели, не го викам ова дека цел живот гласам за партијата што е моментално на власт, ме знаеш и ти мене, сум поддржувал порано протести, особено кога партијата за која што цел живот гласам беше во опозиција.... Ама јок, се гледа дека овие протести сега, кога партијата што ја гласам цел живот е на власт се ТОТАЛНО различни од протестите кои беа кога партијата што ја гласам цел живот беше во опозиција

 

-...могуче

Коментари


Остави коментар