logo

# Хумор

СДСМ: Време е да заврши режимот на СДСМ!

насловна слика
Најголемата опозиција во државата - СДСМ излезе на масовен протест против владата на СДСМ. Од СДСМ велат дека СДСМ дошле на власт на противуставен начин и дека нивното владеење е полно со незаконски одлуки кои се кршат со уставот и здравиот разум. "Не почитуваат резултати од референдум, а спроведуваат двојзичност на места каде што има 25% албанци? Па како тоа едниот резултат од референдумот е успешен, а другиот не?" - вели господинот СДСМ.СДСМ вели дека нема да запре со протестирање против СДСМ се додека СДСМ не падне на власт, а на нивно место не дојде партијата СДСМ. "Па ајде ви се молам. Кога Хилтер изгуби претседателски избори си го остави победникот на власт. Овие ни референдум ни парламентарни избори не почитуваат" - продолжи господинот СДСМ кој потоа додаде дека на овие протести може да се придружи секој кој има проблеми од владеењето на СДСМ. Се што треба е да покаже членска книшка од СДСМ.

Коментари


Остави коментар