СДСМ до иселениците: Ако не гласате на Евровизија ќе се врати Груевски
Како што знаете, оваа година премногу настани беа одложени поради глобалната пандемија. Евровизија заедно со Летните Олимписки Игри, Европското фудбалско првенство и изборите во Нов Зеланд беше една од жртвите.
Поради тоа што Република Нашата Земја беше доволно интелигентна да не ги одложи изборите (како Нов Зеланд, земја што е толку заостаната што нема ни датум за преговори за членство во Европската Унија) тоа значи дека имаме повеќе време да се концентрираме на вистинските проблеми во државата:
Победа на Евровизија.
Лидерот на СДСМ веќе спрема тактика за следната година. Државата планира да вложи сериозна сума за евровизиската кампања, а тоа ќе резултира со голем број на плакати, билборди и телевизиски спотови низ сите земји каде што живеат македонски иселеници.
"Рекламите веќе се изработуваат, а за неколку месеци од сега ќе почнат со прикажување. Планот е едноставен. Ќе има билборди и постери на кои ќе пишува "АКО НЕ ГЛАСАШ НА ЕВРОВИЗИЈА, ЌЕ СЕ ВРАТИ ГРУЕВСКИ НА ВЛАСТ", а за рекламите се консултиравме со човекот што ја креираше кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе има и една реклама каде фамилија бара водоводџија и наместо Мицкоски им доаѓа пејач што им вика "Гласајте на Евровизија или ќе бидете проколнати со 10 години лоши цевки", ептен генијална работа, баш ни значи што ВМРО ни го позајмија овој врвен генијалец." - изјави Зоран Заев