Резултати од изборите
Резултати од изборите a.k.a Зошто секој има причина да биде задоволен:
Ако сте СДСМ, честитки, освоивте најголем број на гласови на изборите
Ако сте ВМРО, честитки, според логиката на последните избори кога второпласираната партија направи влада, тогаш можете и вие!
Ако сте ДУИ, онда сте ДУИ. Има ли нешто подобро од тоа? Мислам ајде ви се молам.
Ако сте член на останата политичка партија што се залага за албанците, përgëzime!!! Можеби новиот премиер нема да биде од вашата партија сега, но за неколку избори и вие ќе можете да станете новото ДУИ! Не е се така црноП.С. Më falni për shqipen time të keqe.
Ако сте ЛЕВИЦА, честитки! Влеговте во собрание. Вие сте новите Лиле и Амди. Сега и вие ќе можете да дадете еден до два гласа на седниците. гласа кои нема да сменат апслоутно ништо. Ако човек ве ставил на тикет со утакмици од Серија Б ќе фател - 0 до 2.
Ако сте ИНТЕГРА, честитки. Вие живеете во 3421 додека останатите живеат во 2020.
Ако сте член на Шарената Револуција, честитки. Заштедивте премногу пари во последниве месеци. Додека другите трошеа пари за маски, вие можевте да ги користите СЈО маичките. Не е исто како да имаш 30 илјади денари минимална плата, ама дај шта даш.
Ако сте Христијан Мицкоски... зошто? The world has progressed past the need for Христијан Мицкоски, мислам срамота е во 2020 да си Христијан Мицкоски.
Ако сте уметник што повикувал на тоа дека "Задача на уметникот е секогаш да биде критичен на власта", тогаш честитки, ќе можете да продолжите со тоа. Под претпоставка дека нема баш тој ден да ве викнат од некоја партија да им направите едно проектче или да им испеете пар песни на следниот митинг за предвремените предвремени избори на кои што ќе има референдум за тоа дали ќе има предвремени избори.
Ако си вирусот КОВИД-19, честитки. Успеа да се изнашеташ низ изборни места и успеа да бидеш дел од славењето вечерта после изборите.
Ако не сте гласале, не заборавајте да ставете млеко и бисквити за Груевски, ќе дојде низ оџак и ќе ви се посере во чорапчето што го чувате покрај каминот кога ќе се враќа во државава само за вас.