logo

# Хумор

Реџепи: “Граѓаните можат уште некој живот без плата, битно е да се дружиме

насловна слика

Нашироко познатиот политичар Какосевикабеовој Реџепи, од познатата партија Алијанса на ДУИДПАВАЉДАНЕМАМПОЈМАКОЈЕОВОЈ денеска ги разбранува медиумите со својата изјава дека граѓаните може да почекаат уште некој живот без плата.

"Видете. Парите се коренот на секое зло. А јас не сакам корења. Или зло. Затоа, би им препорачал на граѓаните да издржат уште пар животи без плата. Иако е тешко, ние, политичарите ќе го истрипиме притисокот на злото од парите. Ќе земаме и повеќе пари од што треба, само за да нема зло за вас. Тоа што сега е важно е Законот за јазици, Законот за батаци, Законот за дробови и Законот за останати органи. 

И да се дружиме.

Важно е да се дружиме.

Пари мање више." - изјави гореспоменатиот господин Реџепи.

Ова мислење беше поддржано од страна на сите политички партии, како и од страна на Сузана Турунџиева, Семе Синапово и Иван Исцелител кои кажаа "Parite se otepuvacka - druzbata e druzba - sluzbata e sluzba"

Со свое мислење се изјавија и БАБА - Будистичка Асоцијација на Будисти и Алхемичари кои рекоа "Бреееј, овој вика граѓаните да издржат пар животи без плата? Значи знае дека сите ќе се регенерираме во друго суштество и ќе имаме друг живот после смртта, а? Браво, се гледа, паметен човек..."

Коментари


Остави коментар