Нов пресврт во ситуацијата со Драги Рашковски! Имено, екипата на Кооперација.мк дознава дека поранешниот генерален советник во Владата е отиден во Мексико.Но, тој не е отиден на одмор како што се верува, туку тој е отиден во тајна мисија каде што се очекува тој да лови бурита (буритовици? буротовачи? буриња?) со поминат рок со цел тие да бидат уловени уште пред да дојдат во нашата, а и ваша земја.
Љупчо Николовски вели дека лично му ја дал оваа задача на господинот Рашковски со цел да се пресече буритото на старт, уште пред тоа да дојде во Репбуликата.
Подоле го имаме и мејлот кој наводно господинот Николовски го испратил на господинот Рашковски:
"Драги Рашковски
Со ова сакам да кажам драг дека си. А не ти го кажувам името. Знам дека се викаш Драги. Ама и драги сте, господине.Овај... може на "ти" наши сме си, се сфаќаме.Види вака. Слушам во Мексико имало такоси и бурита со поминат рок. Нешто ми вели дека прашање на време е кога ќе ни ги тутнат овие. Мора да се спречи скандал пред да дојдат во државава. Имаш лиценца за грицкање, ако не дај боже дојде до тоа да мораш да имаш контакт со мексиканската храна.
Со почит,
Драги Николовски.
...овај, Љупчо Николовски бе, ме збуни со она погогоре, хаха
Драгиот господин Љупчо Николовски"