logo

# Хумор

Рашковски во куќен притвор - Смее да се пушти на Инстаграм, а не на ФБ!

насловна слика

Ги откриваме мерките од казната на драгиот д-р Драги. Освен тоа што веќе се откри дека забранети му се телефон и компјутер, откриваме дека доколку тој секое утре ги мие забите и ги сече ноктите од малото прсте на нозете, неговата казна ќе биде намалена и ќе му биде дозволено да го користи компјутерот но само за Инстаграм и Јутјуб, но не и Фејсбук и Твитер.

Ова беше соопштено од страна на Зоран Заев кој кажа:

"Видете. Мора да има правда. Секој што згрешил ќе биде казнет. Да, вистина е дека не верувам дека Рашковски направил нешто лошо, ама ќе биде казнет. Со домашен притвор. Сепак, мора и да се награди доброто однесување. Ако се однесува добро, тој ќе биде награден со тоа што ќе му дозволиме да се логира на Инстаграм и на Јутјуб. Овдека има само видеа и слики, па нема да може да постира стастуси или да чита твитови. Мора озбилно, само видеа и слики, но не и реченици и пасуси!!!" - изјави господинот Заев.

Кога беше запрашан за тоа како ќе се врши следењето на Рашковски и како би знаеле дека тој нема да може во позадина да седи додека жена му и децата "браузаат" интернет за него, господинот Заев одговори со “Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред.” – по што се сврти и замина.

Коментари


Остави коментар