logo

# Хумор

Промоција на „Колку убав погреб“ и „Животот е краток и нејасен“

насловна слика

Утре, 31.10.2020, со почеток од 19 часот, во Umbrella (ГТЦ, Скопје) ќе се одржи промоција на двете нови книги на Марјан Анѓеловски, романот „Колку убав погреб“ и драмата „Животот е краток и нејасен“.  Двете книги се поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како проекти од национален интерес од областа на литературата ииздавачката дејност за 2020 година.

„Колку убав погреб“ е роман кој зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. Ангел, на еден погреб, ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш ...“

„Колку убав погреб“, ќе воскликне девојката Марија, а спроти неа, ќе го здогледа и запознае момчето кое живее од смртта на другите, што јас го толкувам како авторска мајсторија во преплетувањето на реалнота со имагинацијата и уште една победа на љубовта.“Љупчо Силјановски, писател, рецензент на двете книги.

„Животот е краток е најсен“ е сатирична драма, која ни ја претставува Македонија од иднината. Како Македонецот би се однесувал во една нормалана, средена и богата држава? Што е она што не враќа назад? Футристичка фарса, за едно труло општество - систем на загубени вредности, општествено уредувње водено од хомофоби и партиски лумпен активисти, систем кој го разоруваат национализам, меѓуетнички конфликти и убедувања.

„Животот е краток и нејасен„ е мошне инспиративен драмски текст што пред секој негов иден режисер ќе ја постави вечната загатка „Кои сме и каде одиме?“Љупчо Силјановски, писател

Марјан Анѓеловски е автор кој пишува и настапува низ земјава и низ Балканот со хумор, сатира и театарски претстави, а работи и како сценарист во тв-емисии. Автор е на книгите „Македонијо, off мори мајко“, „Го силувавме ежот“, како и коавтор на книгата „Три ем“. Како сценарист има работено во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. Добитник е повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Млади Типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Пљевља – Црна Гора (2017 год.).

Промотори на книгите ќе бидат Снежана Стојчевска и Денис Бојаров, а со свој читачки и театарски перформанс настанот ќе го збогатат актерите: Јасмин Рамани, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Елена Ѓорѓевска.

Настанот ќе биде организиран согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19

Повеќе информации за настанот можете да прочитате тука.

Коментари


Остави коментар