logo

# Хумор

Прес на ДПМНЕ: Вирусот напаѓа само за време на попис, а не за време на протести

насловна слика

Конечно, една од најголемите опозициски партии во државава, се јави со свое медицинско видување за сериозната ситуација со КОВИД-19.

Откако тие бараа одложување на пописот поради страв од ширење на Коронавирусот, а денеска поддржуваат масовни протести пред Владата, многумина ги обвинија за лицемерие, нешто што денеска на прес, партијата цврсто го демантираше.

"Ова е паметен вирус. Не напаѓа за време на протести. БЛМ протести во САД, протести за абортус во Полска или пак овој, нашиов протест. Ако се соберете повеќе луѓе на едно место нема шанса да добиете вирус. Ама ако има протест, тогаш ќе се активира вирусот. Затоа уствари најголема шанса да фатите КОВИД имате на настан кој не е масовен, како на пример фудбалски натпревар од македонска лига, концерт на Некст Тајм или митинг на ДОМ." - изјави некој чоек од ВМРО.

Коментари


Остави коментар