logo

# Хумор

Предизборна анкета: Коронавирус води пред СДСМ и ВМРО

насловна слика
Според најновата анкета спроведена од здружението Шавел Патев, граѓаните на Република Какоќекажатдругитатакаќутисеганесезамарајептенмождаќенитргнеодкајзнаеш планираат конечно да гласаат за трета опција освен СДСМ и ВМРО. Имено, според резултатите на анкетата, Коронавирусот добил 39% од подршката на граѓаните наспроти 8% на ВМРО и 6.9% на СДСМ. Сепак, се' уште мнозинството од граѓаните се изјаснува како неопределено, со план да не гласаат, или пак со план да гласаат за таа партија што најмногу ќе им овозможи на внуците и внуките да се вработат како шивачки или конобари. Еден од анкетираните се изјасни "Ќе гласам за Коронавирусот. Се што ветил исполнил. Не само што ќе не' внесе во ЕУ, туку ќе не внесе и во Азија. Имал средби со многу лица. Човек од народот е и оди од куќа до куќа за да се запознае со потенцијалните гласачи. Се грижи за семејствата. Ете, читав некој човек за прв пат од 2002 поминал повеќе од два дена дома благодарение на Коронавирусот. Па фала богу, се утепавме од работа. Мислам дека Коронавирусот е најдобрата опција за гласање" За потсетување, озборите се случуваат на 12.04.2020, а победникот се одбира така што после целодневно гласање се собираат гласовите и целосно се игнорираат.

Коментари


Остави коментар