Конечно, после долги дебати околу статистичко-политичката мерка што е точна колку и гледачката на Груевски дојдовме до решение!
Имено Заев и Апасиев се сложија пописот да се одржи пред Силбо, бидејќи и така и вака секоја вечер има преголем број на луѓе пред овој културно-јадачки центар.
"Ни врати отварање ни ништо. Ќе си поминат попишувачи таму и ќе си праат муабет со дечките пред Силбо. Мислам најпаметно е вака." - изјави еден горд попишувач.
Иако погоре во текстот спомнавме дека Апасиев и Заев се сложија за оваа акција, мора да напоменеме дека господинот Мицкоски изјави "Уф..не знам...во една рака вака...ама у друга рака? Не знам дали имам став за ова...ај, да завршат празнициве па барајте ме пак, ќе видиме што како..."