logo

# Хумор

ОВАА ДЕВОЈКА ВЕТИ - ЌЕ СЕ СОБЛЕЧЕ АКО ФУДБАЛЕРИТЕ ОСВОЈАТ ЕП!!! (not clickbait) (totally clickbait)

насловна слика

За недела дена од сега започнува ЕП во фудбал.

Сакам да ја искористам оваа порака до сите инфлуенсерки и тие што се чуствуваат така.

ВЕ МОЛАМ НЕ ГЛУМЕТЕ ЛУДИЛО! НЕ САКАМ ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО ДА ЧИТАМ НАСЛОВИ ОД ТИПОТ НА:

"Црна Мачка вети! Орално ќе ги задоволи фудбалерите ако го освојат првенството!"

"Позната старлета вети - ако стигнат до 1/8 финале ќе добијат 1/8 стриптиз од мене!"

"Познат политичар тврди! Еден од фудбалерите е геј, ми го призна тоа на пијано!!!"

"Македонка со 22 следачи на Инстаграм  -  Ако фудбалерите ја победат Холандија ќе им дадам еден месец бесплатен на мојот ОнлиФанс!"

"АУУ ШТО ЛИ БЕШЕ ОВА КАКВА БОМБА! МАКЕДОНКА ВЕТИ ДЕКА ГОЛА ЌЕ ТРЧА ДО СОЛУН АКО СТИГНЕМЕ ДО ФИНАЛЕ НА ЕП!"

"Васко Ефтов открива: Кои од македонките што ветија дека ќе се соблечат голи се депилирани, а кои не се?"

"Познат политичар тврд! Грешно сме го пренеле во последната вест! Тој сакал да каже дека еден од фудбалерите е од ЕГЕЈот. Егеец, а не е геј. Се извинуваме за ненамерната грешка."

"Миленко Неделковски објавува! Што? Некоја рекла ќе ги покаже големите гради ако победиме? Рамна е! Како земјата!"

"Александар Маленко: Ќе го препливам цело Охридско езеро! Нема врска со фудбалерите - едноставно сакам да избегам од моите бивши жени."

"Зоран Заев вели дека ако Косово стигне до 1/2 финале на СП тој ќе се соблече... и потоа ќе облече во сако за да запише часови по Англиски!"

"Никола Груевски на фејсбук! Ако Унгарија го освои Европското ќе напише проодлжение на својата книга. Насловот ќе и биде "Не се гледаме на врвот. Се гледаме во библиотека"

"Христијан Мицкоски се уште без став - можеби ќе се соблече. Можеби и не."

"Се извинуваме, за претходната статија. Познатиот македонски политичар не е тврд. Туку тврди. Ненамерна грешка, се дешава..."

Коментари


Остави коментар