Бидејќи пасвордот на Мила Царовска беше "passwordmila123456" успеавме да го хакнеме компјутерот на милата министерка со царски реформи и успеавме да ги откриеме сите нови предмети кои ќе бидат дел од новата програма!
Сите предмети имаат цел да ги спремат младите ученици за вистинскиот живот и да станат навистина послушни политичари во иднина!
Еве ги:
Фински јазик - логично, фински реформи
Учиме корупција - како да побараш мито без да те фатат
Медиумска писменост - како да кажеш "А бе... не знам, можеби овој цитат од мене е вистинска вест, а можеби е лажна вест? Ајде да баталиме сега тоа, ќе се навратиме на оваа вест во иднина"
Сексуално образование - како да го задоволите лидерот за да бидете меѓу првите на пратеничка листа на следните избори
Лажење - предмет што навистина ќе им биде потребен на децата во вистинскиот живот, особено откако ќе добијат членска книшка
Медиумска писменост 2 - како да кажеш "А бе ајде... не е битно што сум рекол порано, ајде да го баталиме минатото и да гледаме во иднината..." откако ќе се открие дека цитатот од тебе имплициран во "Медиумска писменост 1" е вистински
Како да напишеш "А што, другите да не се поарни?" на неколку јазици
Тројазичност - мајчин јазик, татков јазик, јазикот на лицемерието
Физичко - како да вежбате по дома до тоа ниво што ќе ги изгубите вишокот килограми, вишокот срам и вишокот морал
Математика - како да пресметате колку проценти мито треба да побарате за завршена работа преку ред
Солитер - дигитализација на образованието. Плус, навистина ќе ви треба на вашето идно работно место, драги ученици
История - Што? Фашизам? Втора светска војна? Ајде да го баталиме минатото и да гледаме напред
Футуризам - иднината ќе ја реши лидерот. Нема ти што да се замараш ептен
География - како да научиш да кажеш "Добро, светот, државите и мапите се менуваат цело време. Не е битно тоа ептен"
Информатика - како да лајкаш статии на Амон Мра
Потпросечните ученици ќе мора да останат после часови во посебна Зум соба, каде онлајн ќе слушаат часови по Веронаука, каде тие ќе научат како да се молат за преживувачка доколку случајно не се поврзаници на некоја партија или невладина организација.