Живот по смртта, очекување:
-Прадедо? Прабабо? Вие ли сте?
-Ааа чедо, ти од нашите ли си? Елај си ваму, тука сме цела фамилија собрани!
Живот по смртта, реалност:
-Значи види вака чукундедо, сеа ќе ти кажам што се деси ти откако умре. Значи вака, знам све за ова, читав на твитер баш, еден имаше твитнато линк до википедија статија, а унатре кога кликаш хиперлинкнати ти се ствари од интернет, има и линкови до јутју...чек, уствари. не знаеш што е ти интернет. Значи вака, интернетот е ептен проширена работа низ цел свет, читав баш, у Естонија имале ептен брз интер... а, да, забораив Естонија не беше самостојна кога беше ти жив. Значи вака, Естонија доби независност после распаѓање на СССР, негде две години после падот на Берлинскот ѕид... а да, не знаеш што е тоа..значи, тоа е спојување на Западна Германија со... а да, иначе втора светска војна беше кога.....уствари батали. Интернет е алатка што ти овозможува да глеаш голи жени.