logo

# Хумор

ОТКРИВАМЕ! КАДЕ СЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОВИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ!!!

насловна слика

Ексклузивно! И оваа година дознаваме кај кого се падна паричката во домовите на познатите!!!

 

 

Во домот на Заев паричката се падна кај Ковачевски.

 

 

Во домот на Венко Филипче се уште не се знае кај кого се паднала паричката, се вели дека најверојатно првичните резултати ќе ги добиеме во следните две недели. Кои се клучни.

 

 

Во домот на Христијан Мицкоски веќе цел ден се чека паричката. Мицкоски тврди дека некој ја има киднапирано паричката.

 

 

Во домот на Груевски паричката се има паднато кај гепекот.

 

 

Во домот на Димитар Апасиев лепчето било поделено на подеднакви парчиња за секоја земја во светот. Дел од паричката бил на делот наменет за Израел, а друг дел од паричката кај делот наменет за Палестина. Ситуацијата е вжештена.

 

 

Добри вести за Миле Јанакиевски, кој ја добил паричката во затворското лепче. Сепак, ова не е ептен импресивно бидејќи тој имал еден дел од лебчето за секоја негова пресуда, па така 1.05 била квотата дека ќе се падне кај негов дел паричката.

 

 

Паричката кај Новак Ѓоковиќ паднала во делот на Граничната служба на Австралија. А уште еден пораз доживеа Новак кога дознал дека паричката на "Здружение на луѓе што заработуваат благодарение на рекет" се погодила баш кај Боки 13.

 

 

Кај Стево Пендаровски не знаеме дали постои лепче, бидејќи сериозна се шансата Стево Пендаровски да е масовна халуцинација и не сме сигурни дали навистина постои.

 

 

Во домот на Кастриот Реџепи нема паричка, но сопругата гледала на телевизија и го убедува Кастриот дека паричката ќе се појави до крајот на годинава.

 

 

Кај гувернерот на НБРМ падна денарот. А паричката паднала кај Господ.

 

 

Кај Али Ахмети не се паднало паричето... бидејќи е муслиман, нели, не учествува во христијански традиции, логично.

 

 

Во домот на Владо Бучковски се месело лепче со делови од тенкови. Се паднале кај него.

 

 

Кај Мила Царовска се вртело електронско лепче, но програмата Lepce.exe паднала откако упаднале Руски хакери.

 

 

Сопственикот на Фајзер не е задоволен од тоа што паричката се паднала кај сопругата и смета дека е потребно втора доза, а можеби и бустер доза вртење.

 

 

Во домот на Данела Арсовска не се бараше паричка во лебот. Се бараше буквата "И", која Данела ја има изгубено како мала и до ден денеска не може да ја пронајде.

 

 

"Mnogu lugje me prasuvaat kade se padna parickata kaj mene pa da vi kazam. Imeno, za da burickate vo lebot treba da imate cisti race, a jas za svoite race se grizham so najdobrata krema za race, za koja imate 10% popust ako go naracate so linkot vo bio" - напиша една Инстаграм инфлуенсерка.

 

 

Во домот на еден познат македонски пејач немаше лепче. Немаше ни паричка. Немаше ни познат македонски пејач. Можеби ќе дознаеме за постоењето на било каков познат македонски пејач во 2023. Можеби.

 

Во домот на Господ, паричката паднала кај Али Ахмети.

 

Во домот на Елон Маск - паднал доуж коинот:

 

Коментари

45tDc5UNFMmo3X09bAuZ2KQx3dK7BQZZvn5xoUFH

A brao ..se iznasmeav za site paricinja sto se padnaa.


Остави коментар