ЕКСКЛУЗИВНО!
СЦЕНАРИСТИТЕ НА ЖИВОТОТ И ОВАА ГОДИНА ЗАЕБАА РАБОТА И ГО LEAK-НАА КАЛЕНДАРОТ ЗА 2022!
ЕКСКЛУЗИВНО!!! ЕВЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СЛЕДНАТА ГОДИНА!
Јануари:
Ќе излезе скандал за првото родено дете. Родителот ќе му биде поврзан со една од партиите, па народот ќе мисли дека е наместено.
Народот ќе се подели на про-дете и анти-дете, а тоа ќе кулминира со протест пред владата каде еден човек ќе се дере за масоните, илуминатите, вакцините и ЦИА.
Никој нема да го сфати што сака да каже.
Ќе се фрла крстот за Водици, а секако, среќниот добитник ќе добие награда - 10 кеси.
Ќе има и тука скандал кога извесен Перо ќе го фати крстот, но после проверка на ВАР ќе се види дека некој си Јован го фатил крстот прв, па ќе му бидат одземени кесите на Перо.
Ова ќе кулминира со протести на про-Пераши и анти-Пераши пред владата.
Овој месец ќе бидат најавени и предвремени избори.
Февруари:
Александар Маленко ќе се разведе откако сопругата ќе биде разочарана од неговиот поклон за Валентајн. Дел од луѓето сметаат дека ова е разумен потег, но другите не се сложуваат со тоа.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Маленкаши и Анти-Маленкаши пред владата.
Маленко ќе смува 99% од тие што се дел од протестот на про-маленкашите.
Александар и Дац ќе се разделат, откако нема да можат да се решат дали да прават песна за Валентин или Трифун.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Дацаши и Анти-Дацаши пред владата.
Март:
Македонија ќе ја победи Италија во квалификациите, откако Жоргињо ќе си даде автогол. Ќе излезат муабети дека Жоргињо е уствари Ѓорѓе, човек од македонско село, ама како мал бил заменет и однесен во Бразил, а оттаму заминал во Италија. Секако, сите тие што на Европското минатата година навиваа за Италија ќе бидат незадоволни од овој исход и ќе бараат преигрување на мечот бидејќи сепак Жоргињо не е Италијанец.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Италијанаши и Анти-Италијанаши пред владата.
Во истата недела, Македонија го елиминира и Кристијано Роналдо со гол на Висар Муслиу за победа од 1-0.
Следниот ден фудбалерите доаѓаат на плоштад запиени и го слават огромниот успех. Илија Несторовски под дејство на алкохол пцуе матер на сите што не верувале во него, Стефан Ристовски пијан ќе прави stage dive, а Елмас ќе плати авион да фрла слатки за насобраните фанови. Алиоски трезен ќе фати микрофон и ќе почне да пее песни до другото утро. Журката ќе заврши кога Данела Арсовска ќе се појави и ќе проба да ја смири ситауцијата ветуваќи дека до крајот на 2069 ќе има бесплатен автобуски превоз за сите.
Април:
Христијан Мицкоски пишува некој смешен статус по повод "Денот на шегата".
Не е смешен.
Кастриот Реџепи и официјално е назначен за македонски претставник на Евровизија. Ќе пее во дует со жена му. Луѓето не се задоволни од оваа одлука. О
ва ќе кулминира со масовни протести на Про-ЖенаМуНаКастриоташи и Анти-ЖенаМуНаКастриоташи пред владата.
Мај:
Кастриот Реџепи и сопругата победуваат на Евровизија. Сепак, убаво му кажале, прашање на време е кога ќе победиме нешто во Европа.
Данела Арсовска излегува на прес и кажува дека поради недостаток на сали за концерти, Евровизија следната година ќе се одржи во некој од моловите во градот. Народот се поделува на луѓе што сакаат Евровизија да се одржува во Ист Гејт Мол и луѓе што сакаат Евровизија да се одржува во Сити Мол.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Гејташи и Анти-Гејташи пред владата.
На протестот некој ќе збори дека Ист Гејт е роднина на Бил Гејтс.
Јуни:
Фудбалерите излегуваат спремни за Светското првенство во фудбал. На плоштад се собира народ, и сите се спремни да ги испратат фудбалерите со песна и забава. После три денови пеење на про-македонски, про-турски, про-албански, про-српски, про-хрватски, про-босански, про-косовски и про-американски националистички песни, луѓето сфаќаат дека оваа забава е непотребна бидејќи светското ќе се одржува во декември, а не во јуни.
Ова ги тера сите да продолжат со радување до крајот на месецот, а забавата завршува со изведување на победничката песна од Евровизија "Thank you EU - Kastriot Rexhepi feat. жената feat. Armend Miftari - MENDI"
Јули:
Христијан Мицкоски е спремен за победа на предвремените избори! Повикува на МАСОВНИ протести пред владата и почеток на жешко, спарно, тмурно, вжештено, пекол, не се дише, 40+ степени под сенка македонско лето.
Ова ќе кулминира со тоа што никој не се појавува на протестите.
Август:
Се вжештува ситуацијата. Пред владата има масовни собири секој ден, а има и физичко насилство. Симпатизерите на левица се тепаат со симпатизерите на десница. Нема врска со политика, во отуство на причини за тепање народот се дели на тоа кој со каква рака мастурбира.
Септември:
Новиот министер за образование Драги Краловски (што сомнително изгледа ептен на Мила Царовска со мустаќи) најавува нови реформи во образованието наречени "Училиштето е внатре во нашето срце" и целосно го прекинува образованието како концепт.
Владата со нов закон - биоразградливите кеси ке бидат 50 денари. Пластичните кеси ќе бидат евтини. На народот не му се допаѓа ова.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Биоразгладливаши и Анти-Биоразградливаши пред владата.
Октомври:
Започнува кампањата за предвремените избори.
Лидерот на СДСМ - Никола Груевски со став: ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
Со ист став е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Јовановски алијас Боки 13.
Лидерот на Алијанса за Беса на Интегритетот - Али Ахмети тврди дека спојувањето на најголемите албански партии во државата ќе донесе убедлива победа.
Лидерот на ЛЕВИЦА - Димитар Апасиев вели дека има поголеми проблеми од резултатите на предвремените избори. Неговата енергија е насочена на ослободување на Палестина и планира да направи нова партија ЛЕВИЦА-ПАЛЕСТИНСКА ( اليسار - فلسطيني)
Ова ќе кулминира со масовни протести на докторите кои во реченицата погоре прочитале "Ќе пиеш амоксиклав 3 пати на ден на празен стомак"
Ноември:
Резултатот на изборите е израмнет. Ќе мора да има нови избори. Ова ќе кулминира со масовна прослава на сите можни страни.
Претседателката на САД - Камала Харис ветува дека ќе дојде да ја расчисти ситуацијата во државата.
Во еден петок спрема сабота, во 4 часот и 35 минути по полноќ на некој претерано пијан граѓанин му текнува дека постои Стево Пендаровски. Само за момент. Потоа го заборава.
Некој пишува статус за славење на Ноќта на вештерките.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-НоќНаВештеркитеаши и Анти-НоќНаВештеркитеаши пред владата.
Декември:
Излегува уште една сорта на вирусот. Зета варијанта. Се пренесува со имање на орален секс со Кетрин Џоунс.
Зоран Заев потврдува: "ЌЕ ЈА ВИКАМЕ Ш ВАРИЈАНТА! ЗЕТА НЕ Е НАША БУКВА! ЗОШТО ДА КРАДЕМЕ ГРЧКА ИСТОРИЈА???"
Бугарите велат дека буквата Ш е нивна.
Зоран Заев потврдува: "ДА, ДА, ВАША Е, ИЗВИНЕТЕ, СЕ ЗБУНИВ ПРЕЕСКА, ДО КОГА ЌЕ КРАДЕМЕ БУГАРСКА ИСТОРИЈА? ВАШ ЧОВЕК Е ТОЈ СО Ш-ТО, ИЗВИНЕТЕ"
Новиот минстер за здравство Филип Венковче (што сомнително изгледа на Венко Филипче со мустаќи) потврдува! Вакцините против [буква што не е бугарска или грчка или на други соседи] ќе дојдат до крајот на месецот. Ако тоа не е така тој ќе си поднесе јубилејна, 365 оставка во годината од морални причини.
Македонија губи во 1/8 финалето на СП. Народот смета дека сме биле морални победници. "Moralni pobednici bevme na prvenstvoto! Deka morashe da pobedime! Sekundarno mi tekna toa u momentot koga zavrsi utakmicata u sekundata ista!" - вели еден граѓанин.
На 31.12 се очекува Дедо Мраз да дојде и да им даде поклони на дечињата.
Луѓето сметаат дека не треба да примаме бегалци од Лапонија.
Ова ќе кулминира со масовни протести на Про-Дедовци и Анти-Дедовци пред владата.