Уште од сега замислувам.
Губиме од Австрија 1-0 во меч каде што сме подобри.
Цела нација избедирана.
"ajde momci ne e nisto gotovo, glava gore vie ste nashi heroi"
Втора утакмица со Украина.
Играме подобро.
Водиме 1-0 цел меч.
Столе сјебува нешто во 90 минута.
1-1 конечен.
"dobro momci, toa e, iskustvoto si go zema danokot, zasluzivme tri boda, ama dobro, ne e problem i otpagjanje od grupna faza ne e kraj na svet! Bitno ne napravivte gordi! Bravo!"
Трета утакмица.
Џани од пенал за 1-0.
Холанѓаните напаѓаат цело второ.
Во контра во 90 минута Елмас дава гол за 2-0.
4 ПОЕНИ!
Чекаме да видиме што ќе се случи со другите групи.
Одиме даље како третопласирани!
"BRAVO MOMCI VIE STE NASHI HEROI!!!"
1/8 финале - ги елиминираме французите на пенали со Мрмебол 0-0.
1/4 финале - играме со..неам поим ме мрзи да глеам, ваљда Италија. Знаеме како со нив. 1-0, лагано, Пандев дава гол, од респект не го ни прославува.
1/2 финале - тепаме на пенали.
финале - тепаме 1-0 со гол со глава на некој рандом лик како Стефан Спировски, Висар Муслиу или шо ти знам, исто како грците што дадоа со глава за титулата.
Сакал нејќел ликот до крај на кариера си има загарантиран култен статус и сигурен влез во првите 11 на репрезентацијата.
Титула.
Славиме.
Груевски пишува статус со 50 параграфи. Од почетокот на фудбалот, до Кирил и Методиј, Александар, Филип, Бранко и завршува со тоа дека цело време навивал за нас.
Некој 25 годишен младич што му го води фејсбукот на Заев пишувa статус - "Fudbalot e demode. Demokratijata e demode. Kosovo e prava stvar. Chestitki i za Albancite koi vo 2016 na Evropskoto dobro se pokazhaa, ne bea loshi. A i Bugarija so Stoichkov. Grcija da ne se zaboravi na EP 2004 isto rasturija. Srbite standard. Ima ok ekipi. Glasajte za Shilegov"
Никиликс постира три емоџиња.
Јани Макрадули не го ни гледал првенството, фан на Арсенал е, секој што навива за Арсенал има изгубено желба за фудбал уште одамна.
Мицкоски постира "Bravo decki se iskacivte na vrvot na Evropa kako jas sto se iskacuvam na planina sekoja sabota, a sekoj petok ur da jadam"
Апасиев пишува "Прославава ќе биде вторo најмасовно гледање на плоштад. Првото ќе биде кога ќе вршиме јавна егзекуција на СДСМ и ВМРО. #KeViGiSkratimeGlavcinjata #NeNeTieGlavcinjapervezrniEdni
Тамара Тодевска ги тетовира фудбалерите на грб.
Панчо пошто веќе ги има тетовирано фудбалерите ќе ги тетовира одбојкарите, да се дешава нешто.
Некст Тајм ветуваат дека имиџот со долги коси е зад нив, и од сега исклучиво ќе се шишаат како Пандев.
Панчо решава да си пресади коса за да има фризура како Пандев.
Доаѓа денот на прослава.
Доаѓаат нашиве со автобус.
Треба да ја кренат титулата.
Џани излегува прв.
Го крева трофејот.
Му паѓа.
Се крши.
Сите македонци трчаат за да земат парче од трофејот.
Се дешава стампедо.
Стотици повредени и тројца мртви.
УЕФА ја банира македонската репрезентација од играње фудбал во следните 12 години.