logo

# Хумор

Оливер Спасовски со порака до Велика Британија!

насловна слика

Откако ги смири Израел и Палестина, Северна Кореа и Република Кореа, Северна Ирска и Република Ирска и Северна Македонија и Републка Македонија, познатиот хуманитарец, политичар, Мајка Тереза и се освен политичар - Оливер Спасовски се појави со нова порака упатена кон светските лидери.Овој пат тој прати писмо кон Велика Британија, а ние го пренесуваме во целост:

"Почитуван господине Борис Д Рок Џонсон

Ви пишувам јас. Сигурно вашата иднина изгледа несигурно. Дали ќе бидете дел од ЕУ или не? Дали ќе бидете дел од Европската Унија или не? Дали ќе бид...ок, се повтарам, ќе скратам.Сакам да ви кажам, дека правите голема грешка со тоа што ги почитувате резултатите на мнозинството искажани преку референдум.Треба да го направите тоа што го направивме ние и целосно да ја убиете демократијата и правото во поим.Ние го направивме ова и не само што не сме членка на ЕУ, туку и немаме ни датум за датум за датум за преговори.

Доколку го направевте истото што и ние, ве уверуваме дека целиот процес на Брексит ќе беше побезболен за сите вас.Со почит,

Јас

И тука ќе му пишеш нешто као ви лук форвард ту сиинг ју ин аур кантри или што ти знам, доста ти диктирав, само прати му сенд. И немој случајно да си го пишувал секој збор што ти го кажувам, јасно? Требаше да прекинеш уште прееска...И така, ај одам ја на кафе, иам нешто бизниси"

Коментари


Остави коментар