logo

# Хумор

Објективни членови на СДСМ: И во време на ВМРО ќе се шетаа во скафандери ако имаше пандемија!

насловна слика

Главна тема во следниве неколку часови (се додека не излезе следната тема за правење муабет) е тоа што пратеничка позитивна на КОВИД-19 отишла на работа во скафандер, дело што беше начекано со лавина негативни коментари. Сепак, тоа не ги спречи објективните членови на СДСМ да се појават со свои коментари.

"Видете, јас сум објективен човек. Имам примено солидни пари у последниве пар години за да ги бранам СДСМ, имам членска од СДСМ, и ме има на пар списоци за луѓе платени од СДСМ за да ги бранат онлајн. Ама тоа не ме спречува да бидам објективен. А објективно, исто вака беше и во времето на ВМРО!!!

Ама исто вака беше!

Ок, добро, можеби немаше глобална пандемија во нивно време па не би знаеле, дали би било така или не...

Ама што, да не немаше да биде така? Еве, јас ви гарантирам дека ако постоеше глобална пандемија, сигурно Влатко Ѓорчев ќе фатеше вирус и на работа ќе одеше во скафандер, па уште и ќе се фалеше со тоа!

Нели, тој може тоа и сега да го направи, ама не е истиот ефект кога си на власт и не.

Така да, ви велам. Исто вака беше и во времето на ВМРО" - објави објективниот член на СДСМ на една од социјалните мрежи.

Коментари


Остави коментар