Пази сега, а million dollar idea:
Реално шоу.
Директен пренос на МТВ.
Раскарани парови ставени на едно место.
Бред и Анџелина. Ким и Кање. Орданоски и Агнеса. Тајзи и Скипи. СЈ и О. Мијалков и Груевски. Мицкоски и Мицкоски. Апасиев и бербер. Ахмети и доживотен затвор. Милошоски и косата. Венко и Стево. Заев и Разум.
Се случува во Мексико, а "големиот брат" што ќе им ги дава задачите е Рашковски.
Мотивација за граѓаните - Тој што најмногу ќе гласа за својот фаворит добива ваучер за сувомеснати производи и 10 купони за собирање на Делимано тави или Џек Ла Лејн Пауер Џусер по негов избор.
За да гласате ќе мора да пополните информации за себе си.
Ете ти и попис.
Победникот на реалното шоу ќе ја има честа да биде првото интервју на Боки 13 откако ќе излезе од затвор.
Бидејќи сите ќе го гледаат шоуво, никој нема да планира да излегува од дома, па аналогно на тоа ќе имаме најмала стапка на заболени од Коронавирус.
Секој месец, тој со најмалку гласови ќе треба да отиде сам во Арачиново за да собира данок.
Бидејќи сите реални шоуа треба да имаат catch phrases како "___ti si najslabija karika" или "___ napusti kucu velikog brata", бркањето на натпреварувачот во ова реално шоу ќе биде направено во колаборација со Илија Несторовски кој ќе каже "Члену на реалното шоу. Собра најмалку гласови. Пичка ти матер."
Ќе биде погледано од Златна Бубамара. Или некоја турска серија што има име од типот на "Брусхалтерот и подвезиците на комшиката", не знам што гледа народов овој период.
Насловната нумера за реалното шоу ќе биде снимена преку Зум, а ќе ја пеат Врчак, Ерзана, Јован Јованов, Ноне и другите кои ја напуштија државата пошто тука на никој не му е дојдено до пеење.
Шансите проектов да не вроди со плод, ширење на шоуто низ екс-ју земјите и пошироко се подеднакви со шансите на ИНТЕГРА да добие пратеник на следните избори.