logo

# Хумор

Ново квиз шоу во Македонија?!?!

насловна слика

Пази друга идеја за квиз шоу!

"КОЈ Е ТОЈ ПРАТЕНИК!" (нели, catch phrase-от ќе биде изговорен во тон на "Кој е тој Покемон?!?")

Секоја емисија еден обичен гласач се натпреварува за главната награда, има 10 прашања за секој пратеник.

Сите пратеници се наредени во ред и секоја емисија ќе има тројца пратеници. Сите се облечени во скафандер.

Нели, емисијата ќе ја води Лила, пошто немаме други водителки, а и добро е да се чуе "Лила е мојата вила" тип на рима во секоја емисија.

Стрес до немајкаде, натпреварувачите се потат, прашуваат роднини за помош, пробуваат да погодат, ама оди тешко бидејќи сите емисии ќе бидат:

ПРАТЕНИКУ ПОД СКАФЕНДЕР БРОЈ 1 ...Дали имаш правено криминал?

-Да

Уууф...не ми помага ова...Дали си бил во коалиција со ВМРО?

-Да, сега сум со СДСМ.

Уууф.... и ова не помага. Дали ти или некој близок на тебе има лапнато тендер?

-Секако, политичар сум, не сум идиот

Ууууф....не знам... ај да се префлрам на пратеникот под скафандер 2... пратенику, дали имаш направено некаков тероризам во животот?

-Kjo është një pyetje budallaqe. Unë refuzoj t'i përgjigjem.

.....ај у курац, не зборувам Алиахметовски......пратенику под скафандер број 3... дали на митинг на твојата партија пеел Владо Јаневски?

-Да.

...ај у курац, ич не ми помага ова...

Твистот?

Ниту еден од луѓето под скафандерите не се пратеници, туку само политички активни луѓе што прават малверзации.

А што, да не ќе знае некој дали "Име Презименковски" е име на човек што е дел од собрание? Да не ги знаете сите 120 пратеници како изгледаат и како се викаат?

Коментари


Остави коментар