"Не сум пијан, малце сум фатен само" - вели тотално пијан човек
Од избори блиски на човекот, се вели дека тој цела вечер се нишал лево-десно небаре е танчарка во стриптиз клуб, но и покрај очигледните проблеми, тој упорно тврдел дека не е пијан. Само малце е фатен. Иначе ок е.
"А бе го прашав пар пати дали е ок. Дали е пијан. Дали треба такси да му викнеме. Дали сака да седне. Ништо од тоа не ми одговори, само продолжи да игра. А не ни имаше музика" - вели еден од неговите другари.
Неговите другари исто така ни кажаа дека таа вечер неговиот пријател ја поминал бакнувајќи се со една од валканите бандери надвор од местото каде што тие се забавувале. После лудата вечер тие го пратиле во едно такси, а после тоа тие не слушнале ништо од него со до следниот ден.Стапивме и во контакт со личноста, која што ни кажа "Не бе. Не бев пијан. Малце фатен само, хаха, не зезај бе пер, мислиш мене така лесно ме фаќа? Хаха шо сум ја бе да ти еам хаха"
Го прашавме дали има некакво сеќавање на последните три часа, а тој само ни кажа "Имам. Сто посто имам. На све се сеќавам. Ама ај да не откривам детали сега, да не испадне дека се фалам. Памтам со една јака се лапав. Малце висока, малце ладна, ама не се грижи братец, ја разжестив јас, хаха ако ти текнуе"
Тој немаше одговор на прашањето зошто има повраќаници на неговата облека.