Откако Зоран Заев го покани да се врати во државата и откако дел од поддржувачите на протестот по повод уапсените за настанот на 27 Април го поканија да се врати во Македонија, Никола Груевски се јави на фејсбук и најави дека сепак тој ќе биде дел од протестот!
"Правев муабет со еден млад и надежен софтвер инженер, бело дете, бела коса, паметно, вели дека нешто имал гужва, немало да биде онлајн некој период, па ми кажа мене. Ете, овој паметен инженер и информатичар, имал програма што ќе ми помогне како холограм да бидам дел на протестите! Така, ќе можам од Унгарија да седам и да се борам за неправдите во Македонија! Никогаш нема да ве напуштам! Верувајте ми!" - објави Груевски.