logo

# Хумор

Научниците потврдија! Еве кои смеат да се бунат против власта!

насловна слика
После долгогодишно истражување, научниците од Агенцијата на Научници, Уметници и Социолози (или скратено АНУС) дојдоа до одговор на прашањето "Кој смее да се буни против власта?" Претседателот на АНУС во изјава за народот кажа: "АНУС отсекогаш бил спремен за длабока пенетрација во аналите на науката. Тоа го направивме и сега, и после долги часови на анализи и експерименти дојдовме до резултатите! Еве кој смее, а кој не смее да се буни против власта! Доколку не сте гласале - НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ БУНИТЕ! Мислам ајде, ако стварно ви било гајле за државата тогаш ќе сте излегле и ќе сте гласале! Ако сте гласале за СДСМ - НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ БУНИТЕ! Вие сте ги бирале, тоа значи дека ви се свиѓа нивната политика. Никој не ви е крив ако не знаете да бирате партии. Ако сте гласале за ВМРО - НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ БУНИТЕ! Изборите завршија. Ако вие и вашето мислење беа на правичната страна тогаш вашата омилена партија ќе победеше. Вака, само се потврдува дека вашето мислење било и ќе остане погрешно. А да не споменеме и дека многу веројатно би ви сметало ако вие сте на власт, а партијата што е во опозиција пробува со опструкции да го прекине вашето владеење?   Ако сте гласале за ДУИ - видете делот за СДСМ Ако сте гласале за ЛЕВИЦА - видете делот за ВМРО Ако сте гласале за АА - видете делот за ВМРО Ако сте гласале за било која партија што не влегла во собрание - видете делот за ВМРО Ако сте гласале, ама сте направиле ливчето да биде неважечко - Брееј... ти шегаџија си некој а? Е па ако ти било до смеење тогаш, нека ти биде до смеење и сега. Не смееш да се буниш!"

Коментари


Остави коментар